Ни продаваат знаење, а не смее да биде така

Ива Додевска студентка на Новинарски студии на УКИМ и активист на студентското движење Слободен Индекс

Мора да се оттргнеме од свеста која не тера да го гледаме знаењето како уште еден продукт што може да се купи. Знаењето, за жал, се продава, но не смее да биде така. Знаењето е свето право и цивилизациска придобивка на целото човештво. Не смееме да дозволиме да се обидуваат да ни го продадат она кое веќе ни припаѓа, пишува за РСЕ Ива Додевска, активистка во независното студентско движење Слободен индекс.
Власта изнаоѓа неверојатни начини да предизвика кај народот илузија дека ги следи неговите потреби и реагира по неговите барања, додека во реалноста се` си останува на статус кво. За таа цел власта, освен со пропаганда, најмногу се служи со правни итроштини. Областа на правото е енигматичен лавиринт не само за лаичката јавност, туку понекогаш и за самите правници, и како таква е одлично оружје за владејачката класа да манипулира со барањата на народот.
Кога народот преку кампањи, штрајкови, апели, бојкоти и други методи на борба ќе се обиде да изврши притисок за одредена работа, власта најпосле ќе „попушти“, но на начин кој неа ѝ оди во полза, така што набрзина ќе стокми еден нацрт-закон со триста дупки и уште толку двосмислени и нејасни членови, преку ноќ ќе го изгласа, и на крај победнички ќе извика: „Власта ги следи потребите на народот!“.

Кога народот преку кампањи, штрајкови, апели, бојкоти и други методи на борба ќе се обиде да изврши притисок за одредена работа, власта најпосле ќе „попушти“, но на начин кој неа ѝ оди во полза, така што набрзина ќе стокми еден нацрт-закон со триста дупки и уште толку двосмислени и нејасни членови, преку ноќ ќе го изгласа, и на крај победнички ќе извика: „Власта ги следи потребите на народот!“

Народот, меѓутоа, набргу ќе увиди дека законот само декларативно ги застапува неговите барања, додека во пракса борбата е далеку од завршена, но власта е магично амнестирана од понатамошна одговорност, бидејќи секое негодување е оневозможено поради аргументот: „Ете, си го баравте тоа и тоа право, го добивте загарантирано со тој и тој (тотално нефункционален и двосмислен) закон, и сега пак не ви чини!“

Што ти значи „правна држава“! Апсолутно се` може да се создаде преку мистериозните патишта на правото. И апсолутно се` може да се забрани.
Неодамна во Хрватска министерот за образование јавно објави дека подготвил закон со кој високото образование станува бесплатно за сите редовни студенти. Ја објави и предвидената годишна сума која гарантира дека државата ќе ги покрива студиите, и уште изјави дека „знаењето е свето и секој има право на пристап до образование“.

Иако тамошните медиуми, некако изненадувачки, не ѝ обрнаа големо внимание на оваа радикална одлука на Министерството, веста молскавично се рашири преку социјалните мрежи и стигна до студентите од различни земји на Балканот, кои исто како и нивните хрватски колеги, водат долга борба за бесплатно образование во своите места на живеење. Оваа одлука ја изненади јавноста дополнително поради тоа што беше кажано дека била донесена по препораки на ЕУ, иако е познато дека во многу од земјите-членки, ЕУ врши притисок за кратење од буџетот за образование и за поскапување на школарините, под аргументот на „анти-кризни мерки“.
Професорите не ја оспоруваат оваа можност, но се плашат дека ќе паднел квалитетот на студиите. (Како да се падне пониско од дното?!) Ректорот Стојковски вели дека бесплатни студии можат да бидат реалност, иако не паметам досега да не` поддржал во таквата идеја (напротив, попрво паметам како ни се исмевал, не игнорирал или дипломатски не откачувал со познатото „не е моја надлежност“). МОФците, како и секогаш, на дипломатска позиција со неодредениот став дека „поддржуваат реформи кои се во интерес на студентите“, но се` додека не го загрозат нивниот толку сакан Болоњски процес. Министерот Панче Кралев, наместо одговор укажува дека сме биле ретка земја со (тотално дисфункционални) дисперзирани студии, што се поврзани со бесплатното образование – никако. Воедно напоменува дека имаме една од најниските цени за школување во регионов, но мудро ги премолчува висината на стандардот и на просечната плата.

Од сите земји на Балканот, токму во Хрватска се одвива најдолгогодишна организирана студентска борба против комерцијализација на образованието и за целосно финансирање од државниот буџет. Стотици протести, блокади и демонстрации се одржаа во последната деценија под паролите „Образованието не е на продажба“ и „Образование за сите“. Студентските движења, организирани на десетици универзитети, во своите барања уживаа(т) и поддршка од своите професори, што исто така е редок пример овде на Балканот.

И како, после толку долга борба, проследена со апсења, полициско насилство, медиумски бојкот, владино игнорирање (за вакви нешта нема да чуете од нашите медиуми), овој нов закон, кој изгледа како конечно извојување на победата, не предизвика многу врева ниту во медиумите, ниту кај хрватските студенти?

Организацијата Академска солидарност, во која се здружени професори и студенти и која е една од најгласните во борбата за бесплатно образование во Хрватска, го даде одговорот на тоа прашање. Министерството навистина донело правилник во кој „се поставуваат условите и начините за воведување на бесплатно образование за сите студенти во Хрватска“, но во тој законик на ниту едно место не се споменува поимот „бесплатно“. Законот е преполн со дупки препуштени на субјективна интерпретација, и ако го анализираме ќе дојдеме до заклучок дека бесплатното образование во Хрватска – не е бесплатно. Во анализата на законот Академска солидарност велат дека законот им гарантира на редовните студенти „да остваруваат право на субвенција на трошоците за упис“, но никаде не се наведува колкав дел од трошоците се субвенционира – дали делумно, или целосно. Понатаму стои дека „условите за остварување на тоа право ги пропишува министерот“, што му остава слобода на министерот да пропише делумна, целосна или никаква субвенција на трошоците. Условите под кои еден студент добива право на бесплатни студии се „студентот да ги исполнува обврските пропишани од универзитетот.“ Кои се критериумите за исполнување на тие „обврски“ во законот не пишува, како што не пишува ни тоа во колкав процент државата ќе ги покрива студиите на студентите, ниту на колкав број студенти. Има само еден јасен член во целиот закон, а тој гласи: „износот на партиципацијата се ограничува на максимум 60% од просечната плата“, што се разбира, во никој случај не значи дека студиите ќе бидат бесплатни, туку само дека нема да бидат поскапи од 400 евра.

И така се случи студентите во Хрватска да студираат бесплатно, а истовремено да си ги плаќаат студиите. Министерот си има алиби, зошто за него е доволно што законот се вика „Закон за бесплатно образование“, иако во него нема ниту една реченица што го гарантира истото. Истовремено има аргумент да ги напаѓа Академска солидарност и останатите рационални луѓе дека „штом го критикуваат законот, автоматски се ПРОТИВ бесплатно образование“. Тоа е таа перверзна логика.
Зошто сакаат да го прикажат бесплатното образование како толку далечно и недостижно? Едноставно е, сите граѓани плаќаат даноци од кои се полни државниот буџет, кој служи за исполнување на потребите на заедницата. Јавните добра се финансираат од јавниот буџет затоа што се јавен интерес, точка.

Кај нас имаше макар еден добар ефект од целава ситуација, а тоа е фактот што под влијание на оваа одлука, некои од нашите медиуми за прв пат се осмелија да го отворат прашањето за бесплатно образование во нашава земја. И како реагираат нашиве „експерти“? Професорите не ја оспоруваат оваа можност, но се плашат дека ќе паднел квалитетот на студиите. (Како да се падне пониско од дното?!) Ректорот Стојковски вели дека бесплатни студии можат да бидат реалност, иако не паметам досега да не` поддржал во таквата идеја (напротив, попрво паметам како ни се исмевал, не игнорирал или дипломатски не откачувал со познатото „не е моја надлежност“). МОФците, како и секогаш, на дипломатска позиција со неодредениот став дека „поддржуваат реформи кои се во интерес на студентите“, но се` додека не го загрозат нивниот толку сакан Болоњски процес. Министерот Панче Кралев, наместо одговор укажува дека сме биле ретка земја со (тотално дисфункционални) дисперзирани студии, што се поврзани со бесплатното образование – никако. Воедно напоменува дека имаме една од најниските цени за школување во регионов, но мудро ги премолчува висината на стандардот и на просечната плата.

Зошто сакаат да го прикажат бесплатното образование како толку далечно и недостижно? Едноставно е, сите граѓани плаќаат даноци од кои се полни државниот буџет, кој служи за исполнување на потребите на заедницата. Јавните добра се финансираат од јавниот буџет затоа што се јавен интерес, точка. Буџетот не го полниме за да се градат бесмислени мегаломански објекти и за да се финансираат војните на НАТО. Мора да се оттргнеме од свеста која не тера да го гледаме знаењето како уште еден продукт што може да се купи. Знаењето, за жал, се продава, но не смее да биде така. Знаењето е свето право и цивилизациска придобивка на целото човештво. Не смееме да дозволиме да се обидуваат да ни го продадат она кое веќе ни припаѓа.