Вељаноски и СДСМ во собраниски клинч

Координативна средба со политичките партии во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. СДСМ не присуствува.

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски ја повика опозицијата на координација да се договорат за надзорните расправи. СДСМ реагира дека бојктот на координациите нема врска со барањето за надзорни расправи.
Опозициските партии од македонскиот блок не дојдоа и на денешната редовна координација кај претседателот на собранието, Трајко Вељаноски. Со него се сретнаа само координаторите на владејачките партии и на Демократската партија на Албанците. Собранискиот спикер жали што опозицијата не дошла на координација и ја повика да се воздржи од селективна примена на Законот за собрание.
Од моја страна значи имаат поддршка секогаш кога е некое прашање поврзано со јакнењето на законодавната власт, но никако не смеат надзорните расправи да бидат во функција на поткрепа на некои митинзи или на блокирање на работата на Собранието.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.

„Од моја страна значи имаат поддршка секогаш кога е некое прашање поврзано со јакнењето на законодавната власт, но никако не смеат надзорните расправи да бидат во функција на поткрепа на некои митинзи или на блокирање на работата на Собранието“, рече Вељаноски.

Иако претходно еден од присутните на координацијата рече дека не било расправано за иницијативите за надзорни расправи на опозицијата, Вељаноски тврди дека на денешната координативна средба се разговарало токму за тоа.
Се разговараше во врска со одржувањето на надзорни расправи, кое е законска обврска за на редовна координација да се утврди план и динамика за одржувањето на надзорни расправи, но тоа нешто еве веќе една година беше заборавено од политички партии во Собранието.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.

„Се разговараше во врска со одржувањето на надзорни расправи, кое е законска обврска за на редовна координација да се утврди план и динамика за одржувањето на надзорни расправи, но тоа нешто еве веќе една година беше заборавено од политички партии во Собранието“, вели Вељаноски.

Без прецизно да одговори дали ќе ги закаже надзорните расправи ако опозицијата не се појави на координаците, Вељаноски тврди дека ќе се придржува до 33-те точки кои се усвоени за закажување на надзорните расправи. Опозицијата, пак, тврди дека, според Законот за собрание, доколку 15 пратеници во писмена форма побараат одржување на таква расправа, преку претсадетелот на собранието до претседателот на работното тело, тогаш претседателот на работното тело е должен да свика нејзино одржување.

Опозицијата соопшти дека поради некоректниот и потценувачки однос на Вељаноски, не се враќаат на координациите и дека барањето за надзорни расправи не треба да се врзува со ова, бидејќи на тоа претседателот на собранието е обврзан со законот за Собрание. Опозицискиот СДСМ смета дека Вељаноски не треба да ги меша расправите кои треба да бидат политички испит за работењето на Владата со координациите на кои не доаѓаат, поради како што велат негаторскиот и потценувачки однос на собранискиот претседател.

Инаку, веќе три месеци опозицијата одбива да присуствува на координациите кај собранискиот спикер. Во април, пратеничките групи на опозициските партии најавија дека нема да учествуваат на координативните средби, а како причина за тоа го наведоа неставањето на дневен ред на закони предложени од опозицијата.