Радиодифузерите го подмириле долгот кон СРД

Над 90 проценти од радиодифузерите го подмириле својот долг. Околу дваесетина радија и телевизии се уште не почнале да го плаќаат долгот кон Советот, за дозволата за обавување радиодифузна дејност
До овој момент до Советот за радио дифузија над 90 проценти од радиодифузерите го подмириле својот долг. Околу дваесетина радија и телевизии се уште не почнале да го плаќаат долгот кон Советот, за дозволата за обавување радиодифузна дејност и тие ќе бидат разгледувани на наредната седница. Истовремено, за два странски канали кои се емитуваат преку домашни оператори, Советот најави дека ќе биде испратен налог до тие оператори овие канали да бидат исклучени.


Оваа одлука Советот ја носи откако е добиен одговор на писмениот допис до надлежното регулаторно тело во Канада по што е констатирано е дека тие немаат лиценци во согласност со законите во Канада, но и како што изјави членот на советот, Борис Арсов, согласно законот за радиодифузна дејност.

„Фактот дека тие не се радиодифузери, односно дека не постојат во Канада и дека сигналот се зема од Македонија е и потврдата од поголемите оператори на јавни телекомуникациски мрежи кои ни доставија дописи дека сигналот за време на емитување го зимаат директно од некое нивно студио кое се наоѓа во Капиштец.“

Советот на 25-тата седница исто така ги разгледуваше извештаите од анализата на прилогот емитуван во вестите на ТВ Сител на 18 мај годинава во врска со претставката на Коалицијата сексулни и здравствени права на маргинализираните заедници дека била искажана навреда кон хомосексуалната заедница како и по мониторингот на прилог на истите вести по претставка од Здружението на млади психолози и на споменатата телевизија и изрече мерка.

„Констатирано е дека Советот едногласно ги донесе двете мерки за писмено укажување на телевизија Сител“,изјави претседателот на Советот Зоран Трајчевски. Советот ја усвои и нацрт ит безбедносната политика на СРД. Наредната седница ќе се одржи на 8 јули.