Кошаркарите не се фаворити, но не се ни аутсајдери

Македонската репрезентација по победата над Литванија во четвртфиналето на ЕП.

На квалификацискиот олимписки турнир во Венецуела кошаркарите одат без преоптимистички изјави, но со максимум подготвеност. Велат дека се под голем притисок, но ветуваат дека ќе играат квалитетно.
Без преоптимистички изјави, но со ветување дека ќе дадат максимум на секој натпревар, македонските кошаркарски репрезентативци го очекуваат стартот на квалификацискиот олимписки турнир во Венецуела.
Секако дека создаваат притисок, на постарите малку помалку, но на помладите повеќе. Сепак, ракометарите дадоа многу ветувања во медиумите, дека ќе се пласираме 100%. Таков е нашиот менталитет, се сфаќаме здраво за готово, не бидна и после испаднаа државни непријатели број 1. Така да, одиме да се претставиме најдобро што може, пред се ќе го оставиме срцето на терен, а резултатите мислам дека ќе дојдат сами по себе.
Перо Антиќ, кошаркар.

Тој ќе се одржи наредната недела (2-8 јули) во Каракас, каде што 12 национални тимови ќе се борат за првите три позиции, односно за преостанатите три визи за олимпискиот кошаркарски турнир во Лондон. До пред една година тоа беше незамисливо, но по ланскиот подвиг на ЕП во Литванија, каде што го освоија четвртото место, јавноста е убедена дека кошаркарите сега имаат сили да станат првата македонска репрезентација која се изборила за настап на една Олимпијада. Тоа им годи на играчите, но и им создава голем притисок, кој тие не сакаат да си го зголемуваат со спектакуларни ветувања.

Дел од кошаркарската репрезентација на Македонија.


„Секако дека создаваат притисок, на постарите малку помалку, но на помладите повеќе. Сепак, ракометарите дадоа многу ветувања во медиумите, дека ќе се пласираме 100%. Таков е нашиот менталитет, се сфаќаме здраво за готово, не бидна и после испаднаа државни непријатели број 1. Така да, одиме да се претставиме најдобро што може, пред се ќе го оставиме срцето на терен, а резултатите мислам дека ќе дојдат сами по себе“, изјави еден од нашите најголеми адути, крилниот центар, Перо Антиќ.
Не сме фаворити, меѓутоа не сме ни аутсајдери. Ние веруваме во нашите квалитети, ќе одиме да одиграме квалитетни натпревари и мислам дека онаа хемија, онаа атмосфера што владее во македонската репрезентација, ќе го даде своето право светло на квалификацискиот турнир.
Марјан Лазовски, селектор на кошаркарската репрезентација.

Слично размислува и селекторот Марјан Лазовски. Според него, со позитивен здравствен билтен, Македонија не би требало да има проблем за успешно да ја мине групата Д, во која се и селекциите на Ангола и на Нов Зеланд, односно да се пласира во нокаут фазата. А, таму, се е можно, бидејќи ...

„Не сме фаворити, меѓутоа не сме ни аутсајдери. Ние веруваме во нашите квалитети, ќе одиме да одиграме квалитетни натпревари и мислам дека онаа хемија, онаа атмосфера што владее во македонската репрезентација, ќе го даде своето право светло на квалификацискиот турнир. Значи не сакам да кажам сигурно одиме на Олимпијада, меѓутоа можам да кажам дека 100% ќе ги дадеме сите наши можности, знаења и квалитети за да отидеме на Олимпијада“, истакна Лазовски.

Инаку, во првиот меч во Каракас, в понеделник (2 јули) Македонија ќе се сретне со Ангола, а наредниот ден (3 јули) е пресметката со Нов Зеланд. Освојувањето најмалку на второто место во оваа конкуренција не носи во четвртфиналето каде што противник (најверојатно) ќе ни биде Доминиканската Република или Русија (во групата Ц, е и селекцијата на Јужна Кореја). Со триумф и во тој дуел ќе си обезбедиме полуфинале и уште две средби (од другата половина на турнирот битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција, Порторико и Јордан од групата А, односно Ливанија, Венецуела и Нигерија од групата Б), во кои ќе биде потребна само една победа за исполнување на сонот - настап на ОИ во Лондон.