Со концерт на Софиската филхармонија во Салонот на Македонската опера и балет свечено ќе биде отворено 33-то издание на културната манифестација Скопско лето во рамките на која во 40-те дена публиката ќе има можност да проследи 65 програмски содржини на бројни уметници од земјава и од странство.
На првиот ден од летото и Светскиот ден на музиката, реномираната Софиска филхармонија, под диригентство на нашиот Борјан Цанев и со Ана Контраденко како солистка на виолина, повеќе од пожелуваниот вовед во случувањата на актуелното Скопско лето ќе го стори со дела од Стајнов, Лековски, Глазунов и Бетовен.
Во деновите потоа следуваат Концертот на солистите од оркестарот на МОБ, Меѓународниот фолкорен студентски фестивал со ансамбли учесници од Узбекистан, Турција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија, заеднички перформанс на хористите при АКУД „Мирче Ацев“ и универзитетот во Мармара. Вечер посветена на творештвото на Бужаровски, претставување на проектот Скопски урбани приказни на кураторката Бојана Јанева Шемова, инсталацијата „Дрво на животот“ на Нина Ниневска, гостувањето на Прилепскиот театар со „Антица“ и „Змејовата невеста“, изведбата на „Празен град“ на Дејан Дуковски во режија на Томас Урлих од Германија, балетот „Самсон и Далила“, премиерата на „Госпоѓица Јулија“ што во МНТ ја потпишува Саулис Варнас, изложба на фотографии на групата Ф-9...и се така со ред.
Завесата на манифестацијата ќе биде спуштена на 31 јули на сцената на Куршумли ан кога ќе биде изведен проектот „Симфонија“ што ги обедини култните ЛЕБ И СОЛ и Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентство на Саша Николовски Ѓумар.
За овој потег клавијатуристот и композитор Никола Димушевски вели дека е резултат на една бујна визија и нешто што конечно требало да му се случи на бенд од форматот на ЛЕБ И СОЛ.
„Мислам дека и „Леб и сол“ дојде до едно ниво конечно на она што сите го знаете како репертоар на „Леб и сол“, оваа година да му се даде една нова визија со камерен оркестар, кој и не е баш камерен и не е баш голем и не е баш мал, се работи за дваесет гудачи и десет дувачи и ние како бенд.“
Од ексклузивитетите на манифестацијата посебно за издвојување е и изложбата Портрети на архитектите и посебно на „проколнатиот архитект“ Богдан Богдановиќ, која патем ќе се одржи на 29 јуни - Меѓународниот ден на архитектурата, а чиј куратор е Викторија Васев Димевска.
„Во Македонија има работено доста, во Штип, во Велес и најпозната му е Могилата на непобедените во Прилеп.“
Инаку, на Скопско лето 2012, во некаде 40 вечери со заедничко мото „Урбана уметност“, публиката ќе има можност да проследи дури 65 програмски содржини на скоро 20 локации во градов на бројни уметници од земјава и од странство.
„Овој пат мислевме дека на Скопско лето треба да ви го приближиме културниот живот на регионот“, истакнува Мирко Стефановски, првиот човек на Дирекцијата за култура и уметност, кои со останатите институции од градот, се долгогодишни потписници на оваа традиционална летна културна манифестација.
Мислам дека и „Леб и сол“ дојде до едно ниво конечно на она што сите го знаете како репертоар на „Леб и сол“, оваа година да му се даде една нова визија со камерен оркестар, кој и не е баш камерен и не е баш голем и не е баш мал, се работи за дваесет гудачи и десет дувачи и ние како бенд.Никола Димушевски, „Леб и сол“.
Овој пат мислевме дека на Скопско лето треба да ви го приближиме културниот живот на регионот.Мирко Стефановски, Дирекција за култура и уметност.