Македонија не ги сака повратниците од странство

Цане Костадиноски, бизнисмен од Прилеп.

Прилепчанецот Цане Костадиноски планира да се врати назад во Австралија, зашто, според него, во Македонија нема услови ниту за бизнис, ниту за живот.
Прилепчанецот Цане Костадиноски е повратник од Австралија, којшто планира наскоро да го продаде својот имот и повторно да се врати во Сиднеј или Мелбурн, зашто вели во Македонија нема услови ниту за бизнис, ниту за живот на неговото 4-члено семејство.
Се вратив со визија, бидејќи јас младоста ја поминав во странство, на децата да им отвориме бизнис, меѓутоа не можеме да опстоиме, зашто има големи давачки кон државата и зачестени контроли коишто, никогаш во чаршијата јас од детството не памтам, толку дуќани да има затворани, казнувани од УЈП и дуќанџии незадоволни.
Цане Костадиноски, повратник од Австралија.

Заминал од родниот Прилеп пред 15 години со намера да заработи и еден ден повторно да се врати и целата своја заработувачка да ја инвестира овде. Пред 7 години го остварил сонот. Купил куќа во Прилеп, ги вложил заработените 300.000 долари и отвори свој семеен бизнис. Но, само по една ипол година се разочарал и бил принуден дуќаните да ги затвори.

Цане Костадиноски, бизнисмен од Прилеп.


„Желбата беше преголема и немаше ден да не помислиме за Македонија, посебно за нашиот град Прилеп и секоја недела се јавував во чаршијата кајшто имав дуќанџии, пријатели, колеги да прашам како е животот, што има новитети. Меѓутоа сето тоа било залудно, си дојдовме, само младоста ја оставивме во странство, додека за старост си дојдовме овде, а услови немаме никакви.“
Државата не сака само да ги донесеме парите, за блиските си ги оставаат местата околу нив, значи нас како повратници апсолутно не не ценат и покрај тоа што децата ни се пример за градот, за општеството, образовен кадар којшто завршил факултети.
Цане Костадиноски, повратник од Австралија.

Костадиноски се жали на несоодветниот третман на државата. Вели дека во Македонија само се бараат парите на иселениците, но државата нема слух за нивните потреби. И кога ќе отворат бизнис и ќе го вработат своето семејство, но ќе ангажираат и други невработени лица, наместо стимул за напредок, државата на секој начин го кочи економскиот развој и подготвеноста за инвестирање.

„Се вратив со визија, бидејќи јас младоста ја поминав во странство, на децата да им отвориме бизнис, меѓутоа не можеме да опстоиме, зашто има големи давачки кон државата и зачестени контроли коишто, никогаш во чаршијата јас од детството не памтам, толку дуќани да има затворани, казнувани од УЈП и дуќанџии незадоволни.“

Најболно, вели Костадиноски, е што во Македонија нема услови да им се обезбеди пристоен живот на младите. Иако неговиот син е магистер, а снаата дипломиран филолог, по затворање на бизнисот, работа немаат.

„Меѓутоа државата не сака само да ги донесеме парите, за блиските си ги оставаат местата околу нив, значи нас како повратници апсолутно не не ценат и покрај тоа што децата ни се пример за градот, за општеството, образовен кадар којшто завршил факултети“, револтирано ја раскажува својата приказна овој иселеник.

Тој сериозно размислува да се врати во Австралија, зашто вели тоа е земја каде што функционира системот, каде што секој вреден човек може да работи и да заработи, секако почитувајќи ги законските регулативи. Но, и во остварување на оваа намера Костадиноски има проблем.

„И сега планирам да се враќам назад, но и тоа што го вложив овде, нема на кого да му го продадеме, бидејќи ваква беда и сиромаштија досега немам видено и покрај тоа што 8 пати го имам свртено светот.“

Костадиноски им препорачува на сите Македонци кои имаат намера како него да се вратат во родната земја, да не го прават тоа. Вели тој нека биде пример, дека во Македонија можеш само да ги загубиш со пот заработените пари во туѓа земја. Вели ако остане овде и ако и натаму државата продолжи со истата политика на одмагање на инвеститорите, сите ќе го иселат својот капитал, а граѓаните ќе бидат доведени до питачки стап.