Висината на даноците и висината на социјалните трансфери се најзначајните фактори за зголемување или намалување на сивата економија, вели претседателот на Центарот за економски анализи Маријан Николов во разговор за Радио Слободна Европа. Според нивното истражување, обемот на сивата економија во земјава се намалил во изминатава деценија.
Големината на сивата економија во последната година се намалува, но сепак се уште зафаќа добар дел од целокупната економија во земјата. Колку пари се вртат преку сивата економија во Македонија?
Сива економија има секаде во светот, дали е тоа многу или малку, е неблагодарно да се даде одговор. Она што е битно е дека во Република Македонија во последната деценија има тренд на намалување на учеството на сивата економија во Бруто домашниот производ. Од 34 насто од БДП–то во 2000 година до 24 насто од БДП во 2010 година.
Колку со тоа се оштетува државата?
Не е само ефектот од директна штета во смисла на нерегистрирана економска активност или од аспект на неуплатени даночни приходи преку Управата за јавни приходи, проблемот ние во Центарот за економски анализи го гледаме повеќе во тоа што се создава нелојална конкуренција на оние бизниси кои се регистрирани во платниот промет и кои ги подмируваат сите обврски кон државата. Значи преку создавање на нелојална конкуренција директно се влијае на неповолен бизнис амбиент.
Што е она што дополнително треба да се направи или во кој сектор повеќе да се вложува за да се намали сивата економија?
Намалувањето на даночните стапки и воведувањето на рамниот данок поволно влијаело на бизнисите, на економските оператори, за да можат да оперираат во регистрираната дејност. Исто така се докажува дека во Република Македонија големо влијание имало за зголемување на сивата економија доколку државата исплаќа повисоки социјални трансфери кон лицата што се невработени. Зошто? Затоа што опортунитетниот трошок е многу висок на такво лице кое од една страна добива сигурен трансфер од централната власт, а од друга страна треба да се соочи со барање на работна позиција на пазарот на работна сила. Значи ние докажавме преку нашата метода „Повеќе индикатори – Повеќе причини“ дека овие два фактори најмногу влијаат за намалување или зголемување на сивата економија.
Има еден податок во анализата дека близу 70 илјади луѓе работат, а се водат за невработени.
Убаво е владата на Република Македонија да подразмисли за сезонските работници како да ги регулира, затоа што со овој глобализиран свет и несигурноста во смисла дека нема веќе работење на неопределено време, туку преферирање на привремени вработувања, сезонски вработувања, тоа се некои нови форми на работни ангажирања каде вие не може да кажете дека лицата се невработени.
Има ли некоја земја која би ни била пример во борбата со сивата економија?
Генерално секогаш може да научиме повеќе и од туѓи грешки и од сопствени грешки, но она што недостасува кај оние што ги носат политиките, извршната власт во Република Македонија, а тоа е недостасува мониторинг и евалуација од воведените мерки. Доколку вие имате евалуација на воведената мерка, многу лесно може да откриете каде запнала мерката и каде имала проблеми, а може многу лесно да откриете и кои мерки носат најголема издашност.