Можна ли е опозициска коалиција од тн., трет блок, имајќи предвид дека партиите имаат спротивставени ставови за многу прашања?
Јасно е дека ова лето ќе има прилично голема политичка раздвиженост на партиите од опозицијата што може да заврши и како една широка коалиција. Во ЛДП велат дека е прерано да се каже како ќе настапат и ги оставаат отворени сите можности, но Андреј Жерновски повтори дека не крие дека посакува да се спротивстават во најсилна можна формација на актулната политика.
Некои од лидерите на партиите со кои тие најавија соработка веќе се изјаснија за одредени прашања. Љубчо Георгивски веќе кажа дека за таа партија, околу прашањето за името, предлогот Северна Македонија е прифатлив. Тоа е негов личен став, коментира Жерновски во интервју на Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела. Секој има право се разбира да го брани ставот, но тоа не значи дека утре ако коалицираме повторно ќе имаме идентичен став, вели Жерновски.
„Тоа не значи дека и ако утре евентулано колицираме, повторно ќе имаме идентичен став, затоа велам не е лесно да се воспостави оваа соработка, но ние ќе мора да собереме сила, да ја ставиме суетата позади нас, несогласувањата што ги имавме во минатото, за да можеме сите да го постигнеме она што не на овие партии, туку на Македонија и е потребно, смена на оваа штетна политика.“
Идејата за окрупнување на опозицијата на која во наредниот период би можеле да се приклучат политички субјекти е прашање што ги засега сите партии од опозицијата кои сметаат дека политиките на оваа власт се погрешни. Имајќи ја предвид македонската политичка реалност, експертите укажуваат дека прашање е колку програмски и реално може да се зборува за леви и десни партии кај нас. Се чини дека на партиската соработка повеќе влијаат лични анимозитети или симпатии, вели Алберт Муслиу.
„Кај нас се идентификуваат партиите со лидерите, јас мислам дека тоа ќе им биде најголемиот проблем во соработката или во образложувањето на потребата за предизборно коалицирање, а не толку програмските разлики пред јавноста за да не ги изгубат нивните приврзаници.“
Исто така во коалицирањата често пати повеќе се видливи личните и колективните интереси отколку принципиелни ставови и гледишта, вели професор Лидија Христова од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Според неа, можна е соработка на леви и десни партии бидејќи веќе имаме некоја таква ситуација во актуелната власт.
„ВМРО е десна партија, имаме Социјалистичка партија на Ѕинго, зелената партија ДОМ која во принцип е лево поставена, така да партиите кои сега најавуваат дека ќе се бидат во еден фронт, се поголеми од овие што ги споменав и имаат еден друг можеби попрепознатлив идентитет, но јас ништо не би исклучила, друго е прашањето колку ќе трае таа коалиција.“
Она што досега предизборно не сме го имале тоа е македонски и албански партии да настапат заедно. Од ДПА изјавија дека тие се етничка опозиција. Експерите сметаат дека на избори партиите од двата блока повторно ќе одат како самостојни политички субјекти, но дека имаат многу точки врз основа на кои може да соработуваат во предизборието.
Тоа не значи дека и ако утре евентулано колицираме, повторно ќе имаме идентичен став, затоа велам не е лесно да се воспостави оваа соработка, но ние ќе мора да собереме сила, да ја ставиме суетата позади нас, несогласувањата што ги имавме во минатото, за да можеме сите да го постигнеме она што не на овие партии, туку на Македонија и е потребно, смена на оваа штетна политика.Андреј Жерновски, ЛДП.
Некои од лидерите на партиите со кои тие најавија соработка веќе се изјаснија за одредени прашања. Љубчо Георгивски веќе кажа дека за таа партија, околу прашањето за името, предлогот Северна Македонија е прифатлив. Тоа е негов личен став, коментира Жерновски во интервју на Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела. Секој има право се разбира да го брани ставот, но тоа не значи дека утре ако коалицираме повторно ќе имаме идентичен став, вели Жерновски.
„Тоа не значи дека и ако утре евентулано колицираме, повторно ќе имаме идентичен став, затоа велам не е лесно да се воспостави оваа соработка, но ние ќе мора да собереме сила, да ја ставиме суетата позади нас, несогласувањата што ги имавме во минатото, за да можеме сите да го постигнеме она што не на овие партии, туку на Македонија и е потребно, смена на оваа штетна политика.“
ВМРО е десна партија, имаме Социјалистичка партија на Ѕинго, зелената партија ДОМ која во принцип е лево поставена, така да партиите кои сега најавуваат дека ќе се бидат во еден Фронт, се поголеми од овие што ги споменав и имаат еден друг можеби попрепознатлив идентитет, но јас ништо не би исклучила, друго е прашањето колку ќе трае таа коалиција.Лидија Христова, Институт за социолошки и политичко правни истражувања.