Министерството за транспорт и врски и годинава не издвои средства за санација на пукнатината долга 30 метри на единствениот асфалтен пат од огромно значење за развој на туризмот на Пелистер.
И оваа летна туристичка сезона националниот парк Пелистер туристите ќе ги пречека со старото свлечиште на патот кој води до единствените туристички капацитети. Иако ова е единствениот асфалтен пат од огромно значење за развој на туризмот во првиот национален парк во земјава, сепак Министерството за транспорт и врски и годинава не издвои средства за санација на пукнатината долга 30 метри.
Угостителите стравуваат дека патот пак ќе ја намали посетеноста.
Доне Јовевски, претставник на угостителите од подпелистерските села вели:
„Патот на Пелистер е голем проблем. Не само што има големи дупки, туку и две возила не можат да се разминат. Тој пат е од Југославија, од времето на Тито, сега треба да се направи друг пат. Пред неколку недели во мојата вила имавме туристи од Холандија, кога стигаа до свлечиштето се исплашија и си заминаа. Со вакви патишта нема туризам. Наместо современи банкини, крај патиштата се уште стојат автомобилски гуми кои јас ги паметам од дете“, вели Јовевски.
Свлечиштето на Пелистер се појави пред две години и однесе еден метар од ширината на патот. Времено патот е проширен од другата страна, ставена е предупредувачка сигнализација и ограничена е носивоста на возилата до 3 тона.
При неодамнешната посета на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Битола, тој даде сосема кус одговор на прашањето дали се планираат поправки на патот.
„За оваа година нема предвидено средства за поголема санација на тој пат“, рече Јанакиески.
Токму поради патот на Пелистер пропаѓаат и зимските туристички сезони. Покрај проблемите што ги споменавме, овој патен правец скоро и да не се одржува во зимски услови, па туристите одвај стигаат до детското одморалиште и до хотелот Молика.
Патот на Пелистер е голем проблем. Не само што има големи дупки, туку и две возила не можат да се разминат. Тој пат е од Југославија, од времето на Тито, сега треба да се направи друг пат. Пред неколку недели во мојата вила имавме туристи од Холандија, кога стигаа до свлечиштето се исплашија и си заминаа. Со вакви патишта нема туризам. Наместо современи банкини, крај патиштата се уште стојат автомобилски гуми кои јас ги паметам од дете.Доне Јовевски, претставник на угостителите од подпелистерските села.