Недев продолжува со жетвата на медали

Дејан Недев, каратист.

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев, кој неодамна го освои бронзениот медал на Европскиот куп во традиционално карате, се подготвува за СП во октомври.
Најдобриот македонски каратист Дејан Недев, минатиот викенд постигна нов историски успех на врвната меѓународна сцена. Овој пат, во полскиот Плок, актуелниот европски првак го освои бронзениот медал на 5-тиот (ИТКФ) Европски куп во традиционално карате. Тоа е натпреварување на кое, по покана од Меѓународната федерација во традиционално карате, учествуваат најдобрите осуммина во овој спорт.
Ова е мој највисок пласман на овие купови. Таму учествуваат само најдобрите, оние што се повеќекратни шампиони на Европа и на свет, значи вистинска елита. И е многу тешко и многу напорно бидејќи во еден ден натпреварите се одржуваат во три дисциплини. Така да е многу напорно и јас сум задоволен од овој резултат. Ова е еден континуитет после оној мој најголем резултат во Израел, каде што станав шампион на Европа и е увертира за она што не очекува.
Дејан Недев, каратист.

Дејан по петти пат беше дел од ова друштво, во кое годинава подобри од него беа само домашните натпреварувачи Рафаел Вајда и Дамјан Сташјак. Според Недев, многу малку недостасувало за тој од Плок да се врати и со златниот медал, што кај него, сепак, не го намалува задоволството од постигнатото.

Млади каратисти.

„Ова е мој највисок пласман на овие купови. Таму учествуваат само најдобрите, оние што се повеќекратни шампиони на Европа и на свет, значи вистинска елита. И е многу тешко и многу напорно бидејќи во еден ден натпреварите се одржуваат во три дисциплини. Така да е многу напорно и јас сум задоволен од овој резултат. Ова е еден континуитет после оној мој најголем резултат во Израел, каде што станав шампион на Европа и е увертира за она што не очекува“, изјави Недев, кој во шесте кола на Европскиот куп доживеа само еден пораз и тоа од првопласираниот Вајда.

Со тоа, тој уште еднаш потврди дека од него и во иднина можеме да очекуваме врвни резултати, а првата можност за такво нешто ќе ја има на СП, кое во октомври (06-07.10) ќе се одржи во полскиот град Лоѓ. Токму на овој шампионат му се посветени годинашните подготовки во кои е предвидено и учество на три врвни меѓународни семинари (во јули и во август). Според Недев, присуството на нив е неопходно за исполнување на годинашната цел, освојување на единствениот мундијалски медал кој му недостасува - златниот.

„Јас продолжувам со напорни тренинзи и со напорна работа, се со цел да го остварам мојот долго очекуван сон - да станам светски шампион. Без разлика дали тоа ќе се случи во екипните дисциплини или во поединечните, подеднакво ќе ми биде драг. Тоа е сон на секој спортист и јас се надевам дека ќе се оствари“, додаде Дејан Недев, кој во досегашната дводецениска кариера, на Мундијалите има освоено по две сребрени и бронзени медали, а на Европските првенства, покрај ланското злато, на три пати се закити и со вицешампионската титула. Покрај ова, тој е и повеќекратен јуниорски европски првак, а во 2005-та година беше прогласен за Спортист на Македонија.