ОХИС ја стави владата на испит

ОХИС.

И по седми пат ОХИС не може да се продаде затоа што повеќе не е атрактивна, а и инвеститорите се демотивирани, бидејќи се покажало дека сите фирми кои биле приватизирани се соочиле со проблеми, коментираат експертите.
Пропадна и последниот тендер за продажба на ОХИС. По седми пат фирмата не успеа да си најде нов сопственик и тоа по минимална почетна цена од 14 илјади евра. Од четирите компании кои покажаа заинтересираност за тендерот, ниту една не достави понуда.
Според мое мислење оваа појава на повторување на тендери ги демaнтира сите критики што денеска актуелната власт ги прави за таканаречената криминалнa приватизација во минатото, во 90-тите години. Овие се остатоци на фирми слични на оние што своевремемо велат дека се продадени бадијала.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Министерството за економија соопшти дека очекува од владата натамошни насоки за наоѓање решение за загубарот. Неизвесна е судбината и на последните државни фирми, прилепските „Еурокомпозит“ и „Тутунски комбинат“, како и охридски ЕМО.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека таквите фирми пропаѓаат поради промената на пазарот, бидејќи тие започнале со работа и функционирале во други услови.

„Според мое мислење оваа појава на повторување на тендери ги демaнтира сите критики што денеска актуелната власт ги прави за таканаречената криминалнa приватизација во минатото, во 90-тите години. Овие се остатоци на фирми слични на оние што своевремемо велат дека се продадени бадијала.“
Имајќи предвиде дека тоа целото се продава за 14 илјади евра, подразбира дека зад себе имам огромни долгови, што прикажаи, што не прикажани. Искуството кажува што се случувало со таквите капацитети што се продадени пред нив, каде што ни самите газди не можеле да влезат внатре, во својата сопственост, за која платиле.
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи вели дека еден инвеститор не би бил заинтересиран за ОХИС поради неговата локација, но и поради големите долгови.

„Имајќи предвид дека тоа целото се продава за 14 илјади евра, подразбира дека зад себе имам огромни долгови, што прикажа, што не прикажани. Искуството кажува што се случувало со таквите капацитети што се продадени пред нив, каде што ни самите газди не можеле да влезат внатре, во својата сопственост, за која платиле.“

Кучи додава дека инвеститорите се демотивирани, бидејќи се покажало дека сите фирми кои биле приватизирани се соочиле со проблеми.

„Прво треба да биде начисто што тука државата презема, ако го продава треба да стои зад тоа. Јас мислам дека досега е лошо искуството со нашата држава, имале проблеми сите по ред.“

Според Хајредини, владата е ставена пред испит и треба да докаже дека знае поинаку да се справи со приватизацијата.

„Нека докаже актуелната власт дека може поуспешно да врши трансформација и приватизација на фирми кои објективно ги изгубиле пазарите и во современите услови и консталации не е можно да се продадат воопшто, а камо ли со висока цена.“

ОХИС пред неколку дена остана и без директорот Пеце Јовевски, кој подесе оставка од функцијата.