ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во „кавга“ за името

Кој што рекол и кој што прифатил или одбил во преговорите спорот за името - денешна партиска дебата
Предлогот на медијаторот Метју Нимиц во 2005 година беше далеку подобар од предлогот кој Никола Груевски го прифати пред самитот на НАТО во Букурешт (Република Македонија – Скопје), се наведува во реакцијата од СДСМ на денешната изјава на премиерот Груевски.

Со предлогот од 2005 година на медијаторот Метју Нимиц, се вели во реакцијата, се гарантираше зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик и култура и поради тоа беше веднаш отфрлен од страна на Грција, која за овој предлог го обвини Нимиц дека во спорот со името заземал страна.

Macedonia - Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија - 07Sep2011


- Апелираме до премиерот Никола Груевски да престане да го инструментализира и злоупотребува спорот со името за дневно политички цели, стои во писмената реакција од СДСМ.

Што изјави Груевски

Премиерот Никола Груевски имено денеска изјави дека ставот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оти се залага за решение за името кое нема да задира во идентитетот е лицемерен затоа што тој во 2005 година прифатил предлог на медијаторот Метју Нимиц со кој беше доведен во прашање идентитетот.
Има снимки за тоа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека предлогот е проблематичен во однос на македонскиот јазик.
Но, СДСМ го прогласи за дотогаш најдобар предлог и имавме жесток напад зошто ние не го прифативме. Така што на тој начин ја загрози позицијата на Македонија што јавно прифатија еден прилично проблематичен предлог во однос на идентитет.„