Спортските објекти во Битола што се пред распаѓање, со одлука на Владата се вратени во надлежност на општината, која нема обврска да ги преземе и вработените.
Спортските објекти во Битола што се пред распаѓање, со одлука на Владата се вратени во надлежност и на трајно користење на битолската локална самоуправа. Со одлуката се опфатени спортската сала Младост, фудбалскиот стадион под Тумбе кафе, отвореното ракометно игралиште и објектот за гимнастички спортови. Одлуката доаѓа неколку месеци откако во спортската сала поради долгогодишно неодржување настана хаварија во зимскиот период, прокапеа таваните и замрзна парното.
„Она што ќе мора веднаш да го направиме е итна интервенција во спортската сала Младост зашто зимскиот период таму беше катастрофална ситуацијата. За жал, долги години никој не вложувал во спортските објекти во Битола, иако дел од нив биле градени со самопридонес на битолчани. Но, алармантна е ситуацијата во сите објекти. Веќе бараме финансиска можност за изградба на една трибина на стадионот“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Но, општината ќе ги преземе само објектите, а нема обврска и за вработените. Воедно, новиот сопственик ќе ги преиспита и договорите за концесија.
„Обврска на општината во одлуката нема кон вработените. Тоа треба да си го реши директорот од Скопје кој досега стопанисуваше со објектите. Ние ќе ги провериме концесиите, ќе видиме каква обврска имаат тие кон спортските објекти. Ако се во ред ќе останат, ако не, ќе ги раскинеме“, додава Талески.
Објектите досега беа во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти. Освен спортската сала, во лоша состојба е и стадионот, кој со години никој не го одржуваше, па се претвори во јавен тоалет.
Обврска на општината во одлуката нема кон вработените. Тоа треба да си го реши директорот од Скопје кој досега стопанисуваше со објектите. Ние ќе ги провериме концесиите, ќе видиме каква обврска имаат тие кон спортските објекти. Ако се во ред ќе останат, ако не, ќе ги раскинеме.Владимир Талески, градоначалник на Битола.