Изгубени млади генерации

Антоанета Иванова, коосновач на Младиинфо.

Ова се генерации кои годините ќе ги потрошат читајќи на интернет непотребни вести, на пиење кафе и алкохол, на препишување на испити и на семинарски задачи. За жал овие млади луѓе сè повеќе сметаат дека читањето книги е губење време, а дипломата највисокото достигнување без оглед како ја стекнале, пишува за РСЕ, Антоанета Иванова, коосновач на Младиинфо.
Неодамна на социјалните мрежи кружеше прилог од една национална телевизија со изјава на еден млад човек, а направена по повод 109 годишнината од смртта на македонскиот преродбеник Гоце Делчев. На прашањето од новинарката: Дали ја паметите познатата изрека на Гоце Делчев? Ова младо момче најпрво збунето и во форма на прашален одговор кажа: Искочи момче надвор на тараса? Многумина кои ја споделија оваа снимка се шегуваа на сметка на овој млад човек, а всушност никој не ја анализираше ниту изјавата, ниту зошто тој „паметен“ одговор прв излета од главата на ова момче.
За жал оваа младина сè повеќе верува дека да се биде просек е доволно, и дека она што им се “сервира“ од околината е правилно, никогаш немајќи амбиции да се борат да бидат добри исклучоци наместо правила, да покажат дека можат повеќе и да имаат поттик да променат нешто. Денес сè поголем број од младите се препуштени на стихијноста на средината, уживањето во комфорната зона на незнаењето, и во сопственото оправдување дека не се најлоши.
За жал во тој ТВ прилог немавме можност да видиме ниту еден кој изреката на нашиот револуционер ја кажа онаква каква одамна е позната, и која и денес по многу години сосема ја одразува сегашноста. Изгледа не успеале да најдат ниту еден млад човек кој ја знаеше точно.

Гледајќи ја оваа слика пред себе може да се постави само едно прашање: ова ли се нашите млади умови кои треба да ја продолжат мисијата на Гоце Делчев? Или пак, ова ли се нашите млади во чии реченици од пет зборови, дури два се неправилно кажани?! Дали денес во оваа наша земја има сè повеќе вакви млади кои не си ја познаваат сопствената историја, ниту знаат литературно да се изразат? Сепак барајќи ја причината, веројатно објаснувањето лежи во тоа дека тие навистина и немаат кога тоа да го научат, ниту од кого: учебниците тоа не го кажуваат, наставниците тоа не го бараат, на телевизија нема образовни програми, на интернет тоа не се наметнува, а родителите одамна се откажале од пренесување на образованието и воспитување на своите деца.

Дали Македонија станува земја на изгубени генерации, кои не си ја познаваат татковината, нејзините знаменитости, нејзините факти и нејзината традиција. Дали Македонија станува земја на млади луѓе кои не знаат каде припаѓаат, чии потомци се, кого тие претставуваат и чии дела треба да продолжат? Ова се генерации кои покрај непознавањето на себе си, не си ги знаат ниту соседите до кои живеат, а се “слепи“ и за различностите дома и во светот, ова се млади луѓе без ни малку толерантност, чувство за помош или солидарност. Никој никогаш не им дал до знаење, ниту позитивен пример, дека секогаш треба да се трудиш да го запознаеш подобро оној “другиот“ кој живее до тебе, а за да го можеш тоа, прво треба да се познаваш себе си.

Ова се генерации кои годините ќе ги потрошат читајќи на интернет непотребни вести, на пиење кафе и алкохол, на препишување на испити и на семинарски задачи. За жал овие млади луѓе сè повеќе сметаат дека читањето книги е губење време, а дипломата највисокото достигнување без оглед како ја стекнале. За жал оваа младина сè повеќе верува дека да се биде просек е доволно, и дека она што им се “сервира“ од околината е правилно, никогаш немајќи амбиции да се борат да бидат добри исклучоци наместо правила, да покажат дека можат повеќе и да имаат поттик да променат нешто. Денес сè поголем број од младите се препуштени на стихијноста на средината, уживањето во комфорната зона на незнаењето, и во сопственото оправдување дека не се најлоши.

Затоа, ова општество треба сериозно да размисли каде се движи оваа младина, да инвестира и вложува во сериозно квалитетно образование од секој степен, да создава и дава сопствени позитивни примери кои секој ден ќе покажуваат дека оние кои се “учители“, навистина вложиле многу во своето образование, затоа се таму каде се, и дека навистина умеат тоа да го пренесат.
Сè повеќе стануваме свесни дека пред очи ни раснат млади луѓе на кои нема кој да им ги каже вистинските вредности, генерации за кои Кјешловски е непознато презиме, 1984 е само обична година, а Одисеја 2001 е почеток на новиот милениум. Навистина ќе биде тешко да се гледа како изгубените генерации ќе создаваат нови изгубени генерации со погрешни вредности, со незнаење и сосема поинаква перцепција што е добро, а што лошо.
Уште поголема загуба, за која сè уште не сме свесни е дека овие млади луѓе, такви какви што се, не ја претставуваат само младината во земјава, туку се и наша слика и прилика и надвор од неа. Денес живееме во општество кое пребрзо се движи, во него се движат и патуваат овие млади луѓе, запознаваат свои врсници, претставници на други земји, професори, државници, пред сите нив овие млади луѓе не претставуваат НАС.

И кога ќе имате прилика да присуствувате настани каде постојано гледате млади умови од земји во соседството, па и подалеку, како покажуваат дека се достојни следбеници на нивните потомци, кои се полни со знаење и кои гледаш дека еден ден веројатно ќе го сменат светот, скоро секогаш се прашуваш каде се тука нашите млади? Не зборуваме за еден, двајца или пет исклучоци, зборуваме за нашата слика како нација, каде е нашата иднина со ваква младина? И сега ќе се навратам на онаа позната изрека на Гоце Делчев кој светот го разбираше како поле за културен натпревар меѓу народите, и каде денес, за жал неговите следбеници ми се чини дека ќе го освојат само последното место.

И кога ќе се прашаме кој е виновен? Веројатно најмалку оние за кои зборувам, а најмногу оние од кои овие млади луѓе треба да учат. Затоа, ова општество треба сериозно да размисли каде се движи оваа младина, да инвестира и вложува во сериозно квалитетно образование од секој степен, да создава и дава сопствени позитивни примери кои секој ден ќе покажуваат дека оние кои се “учители“, навистина вложиле многу во своето образование, затоа се таму каде се, и дека навистина умеат тоа да го пренесат. Да се поттикнува наставниот кадар да дава и да бара соодветно знаење, родителите да престанат да се тешат со: какво е -такво е, наше си е, а младите наши генерации да престанат да се возбудуваат на туѓи успеси и да сфатат дека секој од нив треба најдобро да ја претставува и води оваа земја на многу полиња со културни натпревари.