Горан Милевски, професор во средното економско училиште Јане Сандански и советник во општина Битола се жали дека се соочува со притисоци на работното место.
Усвитена атмосфера владее во Економското училиште „Јане Сандански“ во Битола. Професорот Горан Милевски, кадар на ЛДП, инаку најостриот критичар на локалната власт во општинскиот Совет, се жали дека се соочува со притисоци на работното место. Според него, притисоците доаѓаат од локалната власт, а ги спроведува директорот Васил Дранговски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, откако минатиот месец заедно со Училишниот одбор покренале постапка за негово разрешување.
На ваков чекор се одлучиле откако Државниот просветен инспекторат констатирал дека се финансирале часови без потребна согласност и се вработувале лица надвор од систематизација.
„За овој директор има наод дека го прекршил законот, но градоначалникот не реагирал. Наместо општинскиот ревизор да дојде и да провери дали незаконитоста продуцирала и финансиска штета, ревизорот дошол да ги контролира моето и на неколку други колеги решенија за работа од 2004 година. Сите тие се членови или симпатизери на ЛДП. Тоа се четворица вработени кои ревизорот со потпис на градоначалникот дошол да ги контролира. Објаснувањето на директорот е дека е приморан да ме избрка зашто многу сум зборувал на советот“, вели Милевски.
Директорот Дранговски ги отфрла сите обвинувања за закани и незаконско работење. Признава дека контроли имало, но по налог на градоначалникот.
„Пред некој ден ревизорот овластен од градоначалникот дојде и ме замоли да му бидат дадени досиеата од некои вработени од 2004 година. Тој донесе налог од градоначалникот дека има право да ги провери документите на некои од вработените. Меѓу нив беше и досието на Горан Милевски. Сакал да испита како споменатите лица дошле до вработување во ова училиште. Востанови тоа што требаше да востанови. Демантирам дека постои некаков дил“, вели Дранговски.
Според него, ова е политичка игра за негова смена од директорското место во училиштето, а се сомнева дека е замешан и висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.
Објаснувањето на директорот е дека е приморан да ме избрка зашто многу сум зборувал на советот.Горан Милевски, професор во средното економско училиште Јане Сандански и советник во општина Битола од ЛДП.