Достапни линкови

Црква во Битола за џамија во Лажец


По неколкуте инциденти, битолчани се загрижени дека некој сака повторно да го наруши меѓуетничкиот соживот во градот. Инцидентите се симптоматични, вели опозицијата, а власта ги обвинува за политички маркетинг.

Прво се испишаа погрдни пароли на Исак џамија, па општината отпочна постапка за изградба на црква во центарот на Битола и на крај следуваше презентација на урбанистичката документација за подигање џамија во Лажец. Сето ова се случи за една недела и предизвикаа лавина реакции кај битолачни кои се загрижени дека некој сака повторно да го наруши меѓуетничкиот соживот во градот.
Луѓето се качија на Месечина, а ние не знаеме да живееме ни долу. Лудост е ова, овде е влезена многу длабоко политиката.
Анкетиран граѓанин.

„Ова е запрепастувачки за народот. Сакале или мора да живееме на овој свет. Луѓето се качија на Месечина, а ние не знаеме да живееме ни долу. Лудост е ова, овде е влезена многу длабоко политиката.“

„Не се сложувам. Што се православните, што се муслиманите, тие се еден народ.
Битола
Битола
Добро живееме, немаме омраза, а таа ја создава некој кој сака да го наруши односот меѓу народот.“

„За никаде. Ова го прават и нашите и нивните жешки глави. Тие што не знаат историја и што не знаат соживот со луѓето.“

Според опозицијата, симптоматично е што ова се случува веднаш по провокациите на Вевчанскиот
Со легализацијата на џамијата во Лажец практично ќе се нарушат односите меѓу Македонците и Албанците во Лажец, а со цел да се амортизираат власта пред неколку денови поведе иницијатива за изградба на црква во Битола.
Горан Милевски, ЛДП.
карневал и палењето на простории од црквите во Лабуништа и Мала Речица.

„Со легализацијата на џамијата во Лажец практично ќе се нарушат односите меѓу Македонците и Албанците во Лажец, а со цел да се амортизираат власта пред неколку денови поведе иницијатива за изградба на црква во Битола“, вели Горан Милевски од ЛДП.

„Македонија гледана од аспект на меѓурелигиските односи е доста сензитивна. Просторот е доведен во состојба во која не знам дали воопшто може да прими некаков објект, а не само религиски“, вели Томе Наумов од СДСМ.

Локалната власт со одговор дека опозицијата тера политички маркетинг.

„Се ближат избори, некои луѓе сакаат да се промовираат како евентуални идни кандидати за локалните избори“, вели Златко Милошевски, претседател на Комисијата која даде зелено светло за изградба на црква и џамија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG