Германскиот канцелар Ангела Меркел и новиот француски претседател Франсоа Оланд синоќа во Берлин се согласија дека Грција треба да остане во еврозоната. Тоа не може да се каже и за нивните визии за излегување на еврозоната од сегашната криза.
На заедничката прес конференција по разговорите во Берлин, германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека на разговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд доминирала европската економска ситуација и грчката политичка криза. Таа додаде дека и Франција и Германија сакаат Грција да остане во еврозоната:
„Се што можеме да направиме да и помогнеме на Грција, структурно, развојно и организационо, сакаме да го направиме и се согласивме дека Грција и припаѓа на Европската унија и на еврогрупата и сакаме тоа да го промовираме.“
Но, Оланд кој победи на неодамнешните избори во Франција со кампања за политика на мерки за стимулирање на економскиот пораст, а не на спроведување програма за штедење која се покажа за многу непопуларна во многу земји на еврозоната, потврди дека не ги менува своите ставови.
„Се надевам дека можеме да им кажеме на грците дека Европа е подготвена да додаде мерки за помагање на порастот и за поддршка на економската активност со цел и во Грција да биде вратен порастот.“
До овие коментари на Меркел и на Оланд дојде откако грчките политички партии не успеаа да формираат влада со што се отвори патот за нови избори кон средината на идниот месец.
Слабите резултати на партиите кои ги поддржуваат мерките за штедење на изборите одржани во почетокот на месецов ја зголемија веројатноста дека Грција би можело да излезе од еврозоната.
Имено, најголеми шанси за успех има грчката радикална левица Сириза која се противи на условите за добивањето на спасувачкиот пакет и чиј лидер Алексис Ципрас одби да формира коалиција со проевропските конзервативци и социјалисти.
Меркел и Оланд изјавија дека ќе ја почитуваат одлуката на грчките гласачи. Политичките аналитичари предвидуваа дека Меркел нема да ги има истите релации со Оланд какви што ги имаше со неговиот претходник Саркози.
Но, Меркел и Оланд на прес конференцијата во Берлин покажаа дека германските и француските начини за решавање на економската криза имаат и заеднички точки. Оланд потенцира дека она што сакал да го направи на денот на неговата инаугурација како претседател е да се сретне со Меркел за да можат да ги координираат нивните активности.
Меркел пак изрази надеж дека двете земји заеднички ќе ги презентираат нивните идеи за излез од кризата. Сепак, Оланд го задржа своето верување дека економскиот пораст е најдобро решение на сегашната ситуација:
„Се мора да биде ставено на маса, се што би можело да придонесе за економски пораст.“
Патувањето на Оланд за Берлин беше одложено откако неговиот авион беше погоден од гром и се врати во Париз по што со друг авион замина за главниот град на Германија.
Оланд е прв социјалистички претседател на Франција по 17 години и вчера ја презеде функцијата.

Се што можеме да направиме да и помогнеме на Грција, структурно, развојно и организационо, сакаме да го направиме и се согласивме дека Грција и припаѓа на Европската унија и на еврогрупата и сакаме тоа да го промовираме.Ангела Меркел, германски канцелар.
Но, Оланд кој победи на неодамнешните избори во Франција со кампања за политика на мерки за стимулирање на економскиот пораст, а не на спроведување програма за штедење која се покажа за многу непопуларна во многу земји на еврозоната, потврди дека не ги менува своите ставови.
„Се надевам дека можеме да им кажеме на грците дека Европа е подготвена да додаде мерки за помагање на порастот и за поддршка на економската активност со цел и во Грција да биде вратен порастот.“
До овие коментари на Меркел и на Оланд дојде откако грчките политички партии не успеаа да формираат влада со што се отвори патот за нови избори кон средината на идниот месец.
Се мора да биде ставено на маса, се што би можело да придонесе за економски пораст.Франсоа Оланд, претседател на Франција.