Текстовите за протестите на Албанците во петокот и оние на Македонците во саботата се најкоментирани на нашата интернет-страна.
Како и што најави дневниот печат, така и би. Во саботата се одржаа контра-протести, овојпат на млади и малолетни етнички Македонци, како одговор на протестите на млади и малолетни етнички Албанци во, петокот, кои исто така со премногу емоции протестираа против водењето на целата постапка од страна на МВР околу уапсените 20-ина души, како што рече Јанкулоска, радикални исламисти, од кои поголемиот дел беа пуштени поради немање елементи за покренување постапки против нив.

Бојан исто така со коментар реагира на преголемиот радикализам на младите Македонци, цитирајќи ја својата претходна порака во врска со убиството, дека: „убиецот е убиец, без разлика на бојата на кожата, на очите, дека убиецот не е раса, не нација, дека работникот во Фолксваген не е Хитлер, дека турбанот на глава не е Бин Ладен...“
Зачудува необјективноста на некои наши слушатели, кои постојано и' забележуваат на Радио Слободна Европа дека пишува, според нив, непријателски статии - секогаш кога извештаите објективно ги наведуваат фактите, но, се чини, вистината не им се допаѓа. За информацијата „Пропуштена шансата за НАТО на Самитот во Чикаго“, која е фактографска дури ако се чита и од Месечината, некој НИН коментира дека би требало да се објави со променет наслов: „НАТО пропушти шанса за свое проширување со уште една посветена, демократска и слободарска земја“.
Но Горан од Гевгелија лапидарно коментира: „А што мислеа они, дека ќе влезат - немој да се лажете и народот да го лажете“.
Информацијата за трошењето пари од кредити од странство и од народот за спомениците во Скопје и за најновите златни коњи во паркот Жена борец, Нострадамус од Струга забележал: „Кучињата лаат, карванот си врви - што сме гласале тоа и ќе имаме, а ова ќе го плаќаме ние и нашите генерации“.
За жал, и младите Македонци, како и младите Албанци, се изманипулирани.Коментар од читател.

Протест на Македонци „против радикалниот ислам“.
Објективен посматрач на настанот, каков што очигледно е Владо од Скопје на нашата веб-страница напишал дека за жал, и младите Македонци, како и младите Албанци, се изманипулирани и дека настапот бил контрапродуктивен и со многу лоши пораки. Но за некој потпишан со Македонец, новинарите од нашево радио повторно се „шунд новинари“ кои известувале различно кога станувало збор за протестите на Албанците и за протестите на млади за, како што вели, поддршка на Владата. (При ова, почитувани, нема да го цитирам Македонецот кој без да размисли, неумерено пишува навредливо и со говор на омраза за таа етничка групација).Убиецот е убиец, без разлика на бојата на кожата, на очите, убиецот не е раса, не нација, работникот во Фолксваген не е Хитлер, турбанот на глава не е Бин Ладен.Коментар од читател.