Македонија ја пропушти шансата да го реши прашањето за името и да добие покана за членство во Алијансата на претстојниот самит во Чикаго, смета поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски, кој проценува дека ова прашање нема да се реши во блиска иднина. Според Бучковски, кризата во која се наоѓа Грција дополнително ги уништува надежите за брзо решавање на проблемот со името.
„Не случајно јас и анализирав, во февруари дојде посредникот Нимиц, мислам дека тогаш се уште имаше шанси да се најде формула која ќе ги отвореше вратите на НАТО. Ние бевме закопани во ровот, очекувавме дека по хашката пресуда тоа ќе биде доволен аргумент НАТО да ја промени својата одлука од самитот во Букурешт. Сега веќе ни станува јасно на сите, дека НАТО не е подготвен на такво нешто“, вели Бучковски во неделното интервју за нашето радио.
Во очи самитот на НАТО и премиерот Груевски уште еднаш се обиде да влијае врз земјите членки на НАТО да го коригираат заклучокот од Букурешт. Во писмото упатено до членките, тој истакнува дека токму одлуката на Меѓународниот суд кој пресуди во корист на Македонија треба да претставува мотивација, заклучокот донесен во Букурешт да биде коригиран. Водејќи се од принципите, се надевам дека пресудата на Судот нема да остане само морална сатисфакција за Македонија, пишува Груевски во писмото.
Сосема јасно е дека во НАТО важат други правила и дека поресудата на меѓународниот суд нема да го промени нивниот став, а тоа е прво името, потоа членство, вели професорот Никола Дујоски од Факултетот за безбедност.
„Генералниот секретар на НАТО, првиот ден по донесувањето на хашката пресуда изјави дека таа нема да има влијание на одлуките на НАТО. Добро е тоа што и нашиот министер за надворешни работи, како и премиерот и сите други пишуваат писма, лобираат за Република Македонија, но лично сметам дека тоа е повеќе насочено кон внатре и може да има корист внатре отколку да се влијае на некоја од земјите членки на НАТО за да го покрене прашањето.“
Дујоски смета дека во изминатите неколку месеци не можело да се направи каков и да било напредок во преговорите за името, но и дека во следните неколку месеци нема реални шанси тоа да се случи.
„Ќе чекаме нова влада во Грција, да видиме наскоро што ќе се случува таму, па дури потоа евентуално повторно да се оди на некои средби, се разбира со посредство на преговарачот“, изјави Дујоски.
Според експертите, предизборната кампања за локалните избори следната година ќе ги одолговлечи евентуалните преговори со Грција, што, пак, од друга страна, ќе значи стагнација на македонските евроатлантски интеграции.
Не случајно јас и анализирав, во февруари дојде посредникот Нимиц, мислам дека тогаш се уште имаше шанси да се најде формула која ќе ги отвореше вратите на НАТО. Ние бевме закопани во ровот, очекувавме дека по хашката пресуда тоа ќе биде доволен аргумент НАТО да ја промени својата одлука од самитот во Букурешт. Сега веќе ни станува јасно на сите, дека НАТО не е подготвен на такво нешто.Владо Бучковски, поранешен премиер.
„Не случајно јас и анализирав, во февруари дојде посредникот Нимиц, мислам дека тогаш се уште имаше шанси да се најде формула која ќе ги отвореше вратите на НАТО. Ние бевме закопани во ровот, очекувавме дека по хашката пресуда тоа ќе биде доволен аргумент НАТО да ја промени својата одлука од самитот во Букурешт. Сега веќе ни станува јасно на сите, дека НАТО не е подготвен на такво нешто“, вели Бучковски во неделното интервју за нашето радио.
Во очи самитот на НАТО и премиерот Груевски уште еднаш се обиде да влијае врз земјите членки на НАТО да го коригираат заклучокот од Букурешт. Во писмото упатено до членките, тој истакнува дека токму одлуката на Меѓународниот суд кој пресуди во корист на Македонија треба да претставува мотивација, заклучокот донесен во Букурешт да биде коригиран. Водејќи се од принципите, се надевам дека пресудата на Судот нема да остане само морална сатисфакција за Македонија, пишува Груевски во писмото.
Ќе чекаме нова влада во Грција, да видиме наскоро што ќе се случува таму, па дури потоа евентуално повторно да се оди на некои средби, се разбира со посредство на преговарачот.Никола Дујоски, универзитетски професор.