Достапни линкови

Македонската молба за НАТО на „зафатени“ уши


Министерот за надвoрешни работи Никола Попоски, премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на состанок на Северноатланскиот совет во Брисел на 25 јануари 2012 година.
Министерот за надвoрешни работи Никола Попоски, премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на состанок на Северноатланскиот совет во Брисел на 25 јануари 2012 година.

Ова е насловот на текстот во Њујорк Тајмс во кој авторот Том Шанкер во најавата уште и пишува „Што има во името?“.

Над две децени по крвавите балкански војни постои независна Македонија чија желба, пак за НАТО е блокирана поради еден стар спор. Што е со името?
Грција, членка на Алијансата од 1952 година, жестоко се противеше на името на соседот Република Македонија, велејќи дека тоа имплицира територијални претензии кон грчката провинција со истото име, тврдење кое Македонија јавно го негираше, а со постигнатиот договор со Грција им се приклучи на Обединетите Нации како Поранешна Југословенска Република Македонија.
Малечката нација од само два милиона луѓе дава повеќе по глава на жител во мисиите за мир под водство за НАТО и од некои земји членки на Алијансата.
Њујорк Тајмс..

Македонска единица пред мисија во Авганистан.
Македонска единица пред мисија во Авганистан.
За да ја отстрани таа пречка, владата во Скопје, пишува Њујорк Тајмс, се согласи под акронимот ФИРОМ да аплицира за влез во меѓународните организации, како ОН, НАТО и ЕУ се додека не се реши билатералниот спор.
Но, иако на самитот на Алијансата во Чикаго приемот на нови членки не е ни на дневен ред Македонија се обидува да направи случај.

Во Вашингтон е министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој таму го истакнувал македонското учество во мисиите во Авганистан и претходно во Ирак. Малечката нација од само два милиона луѓе дава повеќе по глава на жител во мисиите за мир под водство за НАТО и од некои земји членки на Алијансата, наведува весникот и го цитира министерот Никола Попоски.

„Ние сме извозник на безбедносните сили во НАТО, но, ние сме во чекалната за членство во Алијансата.“

​Македонија е 5- та по големина земја придонесувач во рамките на силите во мисијата на НАТО во Авганистан. Околу 175 македонски војници се одговорни за обезбедување на седиштето на НАТО во Кабул и во дипломатската зона во главниот град на Авганистан, вклучувајки ја и американската амбасада.

Министерот Попоски, пишува Њујорк Тајмс, вети дека македонските војници ќе останат во Авганистан до официјалниот крај на мисијата на НАТО - декември 2014 година, и тој рекол дека немало притисок во парламентот за предвремени повлекување, како што постои во некои земји-членки.

Попоски објаснувал и дека безбедноста на Грција ќе биде само подобрена ако Македонија стане членка на НАТО.

Постојат неколку показатели дека ова прашање се движи но сепак, објаснува весникот, Грција е среде финансиска криза и во такви услови има малку потик во грчкиот политички систем да го реши спорот со својот сосед.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG