Пред да ја добијат во своите пратенички групи во Собранието, пратениците од СДСМ и од ДПА велат дека дознале преку медиумите за декларацијата за членство на Македонија во НАТО која ја подготвиле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а со цел како што рекоа реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство во Алијансата.
Сакаме да порачаме уште еднаш пред самитот на НАТО до меѓународните претставници и до домашната јавност дека опстануваме на таа определба, вели пратеникот Талат Џафери од ДУИ.
„И уште еднаш пред самитот тоа го реафирмираме. Тоа е она што можат да го прават пратениците, другото е на другите институции. “
Не можат да ја коментираат содржината на декларацијата за чие што постоење, како што велат биле информирани единствено преку медиумите партиите од опозицијата, но имаат став дека партиите од власта со ваквите потези само дефилираат пред јавноста.
„Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ покажува дека најважно им е да дефилираат пред камерите, отколку да го решат проблемот и Македонија еднаш засекогаш да биде членка на НАТО. Мислам дека секој политички субјект јасно и гласно има кажано дека е за зачленување на Македонија во НАТО. Проблемот е во тоа што Македонија треба да прави компромиси што се неопходни“, изјави Зијадин Села од ДПА.
Опозициската СДСМ во меѓувреме, на прес-конференција објави дека ќе ја поддржи секоја иницијатива која би помогнала за остварување на стратешката цел на земјава и најавија дека ќе ја изгласаат декларацијата.
„Доколку владејачкото мнозинство смета дека со оваа декларација на Владата ќе и се олесни работата за членство на Македонија во НАТО на мајскиот Самит во Чикаго, ние безрезервно ќе ја подржиме“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Преку ваквите последни настапи пред домашната како и пред меѓународната јавност како и преку потезите да се покаже уште еднаш неправдата преку пораките дека треба да се земе предвид Хашката пресуда власта не подгоптвува за претстојниот неуспех, вели поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, професорот Нано Ружин.
„Затоа секогаш пред некој неуспех се бара некој надворешен условно кажано непријател, кој ете немал разбирање за нашите барања и затоа и покрај нашите искрени желби ние не сме добиле покана.“
На сите им е јасно дека патот до НАТО води преку решение на спорот за името кое, пак, води преку рејтингот на владејачката структура, посочуваат експертите.
Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ покажува дека најважно им е да дефилираат пред камерите, отколку да го решат проблемот и Македонија еднаш засекогаш да биде членка на НАТО. Мислам дека секој политички субјект јасно и гласно има кажано дека е за зачленување на Македонија во НАТО. Проблемот е во тоа што Македонија треба да прави компромиси што се неопходни.Зијадин Села, ДПА.
Сакаме да порачаме уште еднаш пред самитот на НАТО до меѓународните претставници и до домашната јавност дека опстануваме на таа определба, вели пратеникот Талат Џафери од ДУИ.
„И уште еднаш пред самитот тоа го реафирмираме. Тоа е она што можат да го прават пратениците, другото е на другите институции. “
Не можат да ја коментираат содржината на декларацијата за чие што постоење, како што велат биле информирани единствено преку медиумите партиите од опозицијата, но имаат став дека партиите од власта со ваквите потези само дефилираат пред јавноста.
Доколку владејачкото мнозинство смета дека со оваа декларација на Владата ќе и се олесни работата за членство на Македонија во НАТО на мајскиот Самит во Чикаго, ние безрезервно ќе ја подржиме.Андреј Петров, СДСМ.