За денеска се најавени нови протести против апсењата во полициската акција Монструм, поврзани со петкратното убиство кај Смиљковци.
Протестите на Албанците против полициската акција Монструм продолжуваат денеска. Како и минатите и овие се организирани на социјалните мрежи. Причината за протестите се сомнежите дека уапсените се вистинските виновници за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека, иако протестите немаат организатор и формално не се пријавени во полиција, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир.
„Доколку дојде до некакво нарушување, МВР е подготвено да интервенира и да ги санкционира оние кои што би учествувале во нарушување на јавниот ред и мир. Но, повторно апелираме граѓаните да бидат свесни и на демократски и цивилизиран начин да го изразат тоа што сакаат да го изразат преку протестите“, вели Котевски.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека не може да се каже дека зад протестите не стои никој, туку се работи за повеќе лица кои по примерот од другите земји се организирале на социјалните мержи. Но, според него, поважен е фактот што се користи можноста таму каде што политиката не успеала да дејствува, во име на религијата да се повикува на протести.
„Гледаме можност, како успешно ја користат можноста да влезат други сегменти, како што се џамија односно верска заедница, ИВЗ, како што се христијанските храмови, односно христијанските верски лидери или, пак, луѓе кои си дале себе право или узурпирале право во име на некоја релегија да повикуваат на протести“, вели Дерала.
Одговорноста доколку протестите излезат од контрола ќе биде кај политичките партии, додава Дерала.
„Мислам дека треба прво да погледнат во себе и во тоа што го направиле, бидејќи целото разорно дејство на национализмот, кое го гледаме во изминатите години, а особено ескалира во изминатата половина година и повеќе, токму тие го предизвикаа“, додава Дерала.
Премиерот Никола Груевски апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да не влегуваат во нечии сценарија кои би го нарушиле соживотот во Македонија. Лидерот на ДПА Мендух Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на протестите, а од ДУИ им порачаа да го искажат својот став на достоинствен, мирен и демократски начин. Американската амбасада и ЕУ апелираа на мир и воздржаност и повикаа граѓаните да дозволат во овој случај законскиот процес да се одвива по својот тек во согласност со законите и со судските процедури.
Доколку дојде до некакво нарушување, МВР е подготвено да интервенира и да ги санкционира оние кои што би учествувале во нарушување на јавниот ред и мир. Но, повторно апелираме граѓаните да бидат свесни и на демократски и цивилизиран начин да го изразат тоа што сакаат да го изразат преку протестите.Иво Котевски, портпарол на МВР.
„Доколку дојде до некакво нарушување, МВР е подготвено да интервенира и да ги санкционира оние кои што би учествувале во нарушување на јавниот ред и мир. Но, повторно апелираме граѓаните да бидат свесни и на демократски и цивилизиран начин да го изразат тоа што сакаат да го изразат преку протестите“, вели Котевски.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека не може да се каже дека зад протестите не стои никој, туку се работи за повеќе лица кои по примерот од другите земји се организирале на социјалните мержи. Но, според него, поважен е фактот што се користи можноста таму каде што политиката не успеала да дејствува, во име на религијата да се повикува на протести.
Гледаме можност, како успешно ја користат можноста да влезат други сегменти, како што се џамија односно верска заедница, ИВЗ, како што се христијанските храмови, односно христијанските верски лидери или, пак, луѓе кои си дале себе право или узурпирале право во име на некоја релегија да повикуваат на протести.Џабир Дерала, граѓански активист.