Во последните 24 часа полицијата нема нови приведувања во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, ниту нови информации за двајцата осомничени за тероризам по кои е распишана меѓународна потерница, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Во врска со најавите за нови протести в петок, министерката Јанкулоска информира дека МВР ја следи состојбата вклучително и социјалните мрежи и сите преписки и полемики кои таму се водат. Таа информира дека МВР како надлежна институција ќе ги преземе сите мерки за да се заштити владеењето на правото и правниот поредок во оваа држава.
По подолга пауза, денеска се огласи и Исламската верска заедница. Јавно го осуди петкратното убиство кај Смиљковци и повикаа да преовлада разумот и правдата. Но, според ИВЗ, јавното прогласување на дел од приведената група за радикални исламисти е надвор од законот.
„Од кога поседување на Куран и верска литература стана кривично дело? И со кој закон на муслиманите во Македонија им се забранува да поседуваат Куран и верска литература?“, изјави портпаролот на ИВЗ, Дритон Дикена.
Исламската верска заедница бара јавно извинување од надлежната министерка.
„Со предизвикување меѓуверска и меѓунационалан омраза од самите носители на власта со цел да се приближат кон европските интеграции е мошне ризичен и погрешен пат. Условите за ЕУ и НАТО се јасни и децидни посебно во делот на граѓански и верски слободи и права.“
Домашните експерти не очекуваат безбедносна криза од пошироки размери, иако потврдуваат дека убиството на петте лица кај Смиљковци ги подигна тензиите и ја зголеми меѓуетничката недоверба во земјава. Протестите кои следуваа беа инструирани,а најновите најави за одржување на протести во повеќе градови во Македонија дополнително ја осложнуваат кревката безбедносна ситуација, проценува претседателот на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски.
„Лично не очекувам дека таа ќе ескалира до мерка да создаде криза од типот како што беше ов 2001-та година. Сепак тензиите ќе продолжат и понатаму и ќе ни треба доста време и доста превентивни активности за таа да се поврати на едно стабилно ниво.“
Операцијата Монструм предизвика реакции и во соседните земји. Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи ги предупреди Србите и Македонците да внимаваат што прават со Албанците, укажувајќи на тоа дека двете земји не можат да се помират со напредокот на позицијата на Албанците во регионот.
Во меѓувреме, движењето „Нова Албанија“ во Тирана одржа мирни протести за полициската акција „Монструм“ и за апсењето Албанци во јужна Србија осомничени за воени злосторства.
Со предизвикување меѓуверска и меѓунационалан омраза од самите носители на власта со цел да се приближат кон европските интеграции е мошне ризичен и погрешен пат. Условите за ЕУ и НАТО се јасни и децидни посебно во делот на граѓански и верски слободи и права.Дритон Дикена, ИВЗ.
Во врска со најавите за нови протести в петок, министерката Јанкулоска информира дека МВР ја следи состојбата вклучително и социјалните мрежи и сите преписки и полемики кои таму се водат. Таа информира дека МВР како надлежна институција ќе ги преземе сите мерки за да се заштити владеењето на правото и правниот поредок во оваа држава.
По подолга пауза, денеска се огласи и Исламската верска заедница. Јавно го осуди петкратното убиство кај Смиљковци и повикаа да преовлада разумот и правдата. Но, според ИВЗ, јавното прогласување на дел од приведената група за радикални исламисти е надвор од законот.
Лично не очекувам дека таа ќе ескалира до мерка да создаде криза од типот како што беше ов 2001-та година. Сепак тензиите ќе продолжат и понатаму и ќе ни треба доста време и доста превентивни активности за таа да се поврати на едно стабилно ниво..Благоја Марковски, Балканскиот форум за безбедност.