Пораките за разрешување на случајот со петкратното убиство во „разумен временски рок“ упатени од страна на меѓународните претставници во земјава, значи исклучување на субјективниот фактор во истрагата, образложуваат упатените.
Тешко да се определи колкав е тој рок, но тоа значи дека одлуката не смее да биде избрзана или оддолговлекувана поради субјективниот пристап на судските органи, објаснува професорот Здравко Савески.
„Разумен рок може да се чини дека е малку растеглива категорија, но од прилика нејзините мерливи рамки се дека не смее да се забележува дека поради субјективни причини се одолговлекува еден процес.“
Дел од домашните експерти се надеваат дека акцијата на полицијата и казните кон обвинетите ќе ги смират меѓуетничките тензии. Сепак не гарантираат толерантен однос од страна на населението.
Универзитетскиот професор Хасан Јашари очекува смирување на тензиите, но сепак предупредува на воздржаност и трпение додека да заврши судскиот процес.
„Треба јавноста да биде информирана за сите поединости, за сите секвенци на самиот процес и правосудните органи треба да соработуваат со другите институции на системот за да има една максимална транспарентност во целиот случај.“
Фаќањето на дел од лицата кои се поврзани со убиството во Смиљковци веројатно ќе ја намали напнатоста кај граѓаните и нема да предизвика поголеми тензии. Но за да се исклучи веројатноста од влошување на односите, потребен е внимателен и одговорен пристап од страна на политичките и општествените фактори, вели Савески.
„И кај Македонците и кај Албанците има презаситеност од национализам, но однесувањето на одговорните фактори во насока на балансирани, урамнотежени и толерантни изјави ќе биде важно за да се намали ризикот од понатамошни тензии.“
Според аналитичарите колку потранспарентно се води истрагата, толку помали ќе бидат можностите за протести и евентуални немири на граѓаните.
Разумен рок може да се чини дека е малку растеглива категорија, но од прилика нејзините мерливи рамки се дека не смее да се забележува дека поради субјективни причини се одолговлекува еден процес.Здравко Савески, универзитетски професор.
„Разумен рок може да се чини дека е малку растеглива категорија, но од прилика нејзините мерливи рамки се дека не смее да се забележува дека поради субјективни причини се одолговлекува еден процес.“
Треба јавноста да биде информирана за сите поединости, за сите секвенци на самиот процес и правосудните органи треба да соработуваат со другите институции на системот за да има една максимална транспарентност во целиот случај.Хасан Јашари, универзитетски професор.