Дваесетeтмина уапсени во полициската акција „Монструм“ се уште се на распит во скопскиот Кривичен суд, каде што според упатените се очекува да им биде изречена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи информираше дека за пет лица се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело тероризам. Од нив две лица се во бегство. За тројца од приведените постои сомневање дека се директно вклучени во убиството кај Смиљковци. Во интерес на истрагата, првиот полицаец Гордана Јанкулоска се воздржа од детали околу целите и делувањето на осомничените и нивната евентуална поврзаност со лица надвор од земјата.
„Целта на овие кривични дела е да се испрати порака за присуство на оние кои ги извршуваат и да се влее страв, паника и несигурност кај остатокот од популацијата“, изјави Јанкулоска.
Против други четири лица поднесени се кривични пријави за недозволено поседување, изработување и држење на оружје и распрскувачки материјали.
Најголемиот дел од приведените се македонски државјани, следбеници на радикалниот ислам, повтори Јанкулоска. Полицијата потврди дека кај осомничените е пронајдено поголемо количество оружје, литература која укажува на идеолошката припадност на овие лица и други предмети, кои би можеле да бидат или се користени при извршување кривични дела. Во тек е вештачење дали пронајденото оружје е користено во петкратното убиство.
Денеска и Јавното обвинителството соопшти дека ќе бара максимална казна за сторителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривични дела-тероризам, за кои е предвидена максимална казна доживотен затвор, изјави јавниот обвинител Шврговски.
Во меѓувреме со реакција на полициската операција се јавија и меѓународните претставници.
„Работа е на државните институции да ги извршуваат нивните дејности, без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите. Останува мирно да сочекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок“, се наведува во писмената реакција на Делегацијата на ЕУ во земјата.
Со реакции се јавија и некои од политичките партии. СДСМ се надева дека вчерашната акција на безбедносните служби ќе даде голем придонес за идентификување и обезбедување на материјални докази за целосно расветлување на ова злосторство.
„Нема никаква дилема дека тоа е единствениот начин да се сопрат сите шпекулации, а граѓаните повторно да се чувствуваат безбедно“, изјави портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ.
Според ДУИ ова е најголем криминал во историјата на земјата, каков немало и во времето на конфликтот. Бујар Османи од оваа партија изјави дека ДУИ била најзаинтересирана да се реши побрзо случајот, за да се спречи прејудицирањето на етничката припадност на сторителите.
„Остануваме на ставот дека убијците се само убијци со име и презиме независно од нивната етничка и национална припадност, меѓутоа засега може да зборуваме за осомничени за убиство коешто ќе треба да се докаже во судска постапка“, изјави Османи.
И ЛДП ја поздрави акцијата на полицијата.
Присуството на следбеници на исламскиот радикализам и терористи на територијата на Македонија е причина повеќе за сериозна загриженост за безбедноста и стабилноста на земјата, се наведува во соопштението на ЛДП.
Партијата изразува надеж дека материјалните докази прибрани со акцијата „Монструм“ се непобитни и веродостојно ќе го расветлат целиот случај.
Целта на овие кривични дела е да се испрати порака за присуство на оние кои ги извршуваат и да се влее страв, паника и несигурност кај остатокот од популацијата.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
„Целта на овие кривични дела е да се испрати порака за присуство на оние кои ги извршуваат и да се влее страв, паника и несигурност кај остатокот од популацијата“, изјави Јанкулоска.
Против други четири лица поднесени се кривични пријави за недозволено поседување, изработување и држење на оружје и распрскувачки материјали.
Работа е на државните институции да ги извршуваат нивните дејности, без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите. Останува мирно да сочекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок.Делегација на ЕУ во Македонија.