Достапни линкови

Неделен печат - Петкратното убиство во фокусот


Архивска фотографија: Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.
Архивска фотографија: Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.

Петкратното убиство кај Смиљковци и последиците од него се главна тема за анализа во македонските неделници.

Дури четири текстови во он-лајн изаданието на Глобус се посветени на петкратното убиство што се случи на Велики петок, пред Велигден.

Глобус - Злосторството кај Смилковци и стаписаниот ум
Битката за Косово што ја водат Белград и Приштина, пред се' за северно Косово, отсекогаш ја носеше Македонија како можна колатерална жртва. Тоа се оние опции дека, доколку дојде до поделба на Косово, домино ефектот ќе се почувствува и кај нас, во негативна смисла. Од друга страна, за неколку недели треба да се случи и самитот на НАТО во Чикаго, кој за Македонија почнува да добива димензии - да се биде или не. Дестабилизирана Македонија, секако, не е пожелен компањон во воено-политичкиот сојуз. Оној што го смисли масакрот во Смилковци, препоставувам дека тоа го посакува.
Фокус.

Едниот од текстовите, колумната под наслов: „Злосторството кај Смилковци и стаписаниот ум“ апелира токму на него - на стаписаниот ум од ваквата трагедија - тој да се скроти, врз начелото на умот и во името на умот. За да не се случи безумие и влечење погрешни потези. Ниту сегашниот момент, а ниту времето по него не се погодни за евтини политизации и за опасни политички игри какви што се изнагледавме во изминатиот период, смета авторот за да нагласи дека за жал, се соочуваме со истите погрешни пристапи и политики. Недозволиво е, непримерно и несфатливо е, на претседателот на Владата, т.е. најодговорниот човек во државава, да му требаат три дена за да се огласи по едно вакво злосторство. Брзата реакција на премиерот ќе беше во функција на смирување на духовите кај оние кои се подготвени да тргнат во лов на вештерки, кои сакаат да прогласат виновници без докази. Конечно, премиерот требаше да и' соопшти на нацијата што е нападнато и што треба да се брани, се вели покрај другото во колумната во Глобус.

Фокус - Нарачано убиство за вовлекување на Македонија во српско-албанските завршни игри за Косово?

Неделникот Фокус, покрај другите текстови на оваа тема, објавува и анализа под наслов: „Терористички акт со политичка порака - Нарачано убиство за вовлекување на Македонија во српско-албанските завршни игри за Косово?“, па го пишува следново: Битката за Косово што ја водат Белград и Приштина, пред се' за северно Косово, отсекогаш ја носеше Македонија како можна колатерална жртва. Тоа се оние опции дека, доколку дојде до поделба на Косово, домино ефектот ќе се почувствува и кај нас, во негативна смисла. Од друга страна, за неколку недели треба да се случи и самитот на НАТО во Чикаго, кој за Македонија почнува да добива димензии - да се биде или не. Дестабилизирана Македонија, секако, не е пожелен компањон во воено-политичкиот сојуз. Оној што го смисли масакрот во Смилковци, препоставувам дека тоа го посакува, завршува авторката на анализата, нагласувајќи: Македонија да остане да ја дели судбината на Србија и Косово, до конечната разврска!

Капитал - Ризична игра на гувернерот Богов

И на крај, за економијата: иако се случи малку поодамна, неделниот Капитал во воведникот сега го критикува гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, за неговото јавно влегување во дневната политика, како што пишува авторката на текстот, со тоа што ја коментираше изјавата на висок партиски функционер од опозициската СДСМ за последните мерки на Народна банка. „Ризична игра, гувернеру, зашто тоа што тој функционер во исто време работи во најголемата и најкредибилна банка во Македонија, апсолутно не ви дава право да ги поврзувате неговите ставови со ставовите или со работењето на банката, дотолку повеќе што досега никому не му падна на ум учеството на економскиот аналитичар Богов во предизборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ да ги поврзува со вашето тогашно, а и вашето идно работно место, поточно, сегашното, гувернер на Народна банка, место што треба да е далеку од дневнопартиската политика“, пишува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG