Достапни линкови

Тензии има, но голема безбедносна криза е малку веројатна


Најавите за нови протести дополнително ја усложнуваат и онака кревката безбедносна ситуација, но не се очекува криза од пошироки размери, анализираат домашните експерти.

Домашните експерти не очекуваат безбедносна криза од пошироки размери, иако потврдуваат дека убиството на петте лица кај Смиљковци ги подигна тензиите и ја зголеми меѓуетничката недоверба во земјава. Протестите кои следуваа беа инструирани, а најновите најави за одржување на протести во повеќе градови во Македонија дополнително ја усложнуваат кревката безбедносна ситуација, проценува претседателот на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски.
Сето тоа што се случуваше и што како порака им беше испратено на македонската јавност е тоа дека злосторниците сакаа на некој начин да ја дестабилизираат Република Македонија во безбедносна смисла, но и од политички аспект да создадат определени тензии, делумно во тоа се успеа.
Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

„Сето тоа што се случуваше и што како порака им беше испратено на македонската јавност е тоа дека злосторниците сакаа на некој начин да ја дестабилизираат Република Македонија во безбедносна смисла, но и од политички аспект да создадат определени тензии, делумно во тоа се успеа.“

Политиката ја проголта пораката на извршителите, вели професор Алајдин Демири, според кого, моменталната психоза кај населението е засега контролирана.
Засега рекациите во некоја смисла се контролирани, во некоја смисла не ескалираат, уште се дава можност за некакво политичко делување, а тоа би било разјаснување на убиствата, наоѓање на вистинските егзекутори било кои и да се, тука се добива впечаток дека владата калкулира.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Засега рекациите во некоја смисла се контролирани, во некоја смисла не ескалираат, уште се дава можност за некакво политичко делување, а тоа би било разјаснување на убиствата, наоѓање на вистинските егзекутори било кои и да се, тука се добива впечаток дека владата калкулира.“

Според Марковски, единствено политичките фактори во земјата се одговорни за превенција од можна ескалација на тензиите. Ќе треба доста време и многу активности за да се вратат на едно стабилно ниво, посочува тој.

„Јас лично не очекувам дека таа ќе ескалира до мерка да создаде криза од типот како што беше ов 2001-та година. Сепак тензиите ќе продолжат и понатаму, недовербата меѓу македонското и албанското население се нарушени и ќе ни треба доста време и доста превентивни активности за таа да се поврати на едно стабилно ниво.“

Операцијата Монструм предизвика реакции и во соседните земји. Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи ги предупреди Србите и Македонците да внимаваат што прават со Албанците, укажувајќи на тоа дека двете земји не можат да се помират со напредокот на позицијата на Албанците во регионот.

Во меѓувреме, движењето „Нова Албанија“ во Тирана одржа мирни протести за полициската акција „Монструм“ и за апсењето Албанци во јужна Србија осомничени за воени злосторства.

Во Министерството за внатрешни работи засега нема пријавено протести за в петок, иако во јавноста веќе се зборува за нови демонстрации низ повеќе градови во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG