Поради неисплатени плати и сини картони штрајкуваа вработените од ОХИС, а таква идеја има и Железница. И пазарџиите најавија масовни протести.
Помалите синдикати решија да го изразат незадоволството поради тоа што не земаат редовно плати. Поради неисплатени плати и сини картони штрајкуваа вработените од ОХИС, а таква идеја има и Железница. И пазарџиите најавија масовни протести ако УЈП не сопре да доставува решенија за наплатување данок за паушални износи.
Работниците од ОХИС се собраа пред ССМ, а потоа протестираа пред владата. Вработените велат дека се во критична економска состојба и бараат 30 милиони евра позајмица за да може да опстанат додека фабриката не се продаде. Последната плата за ноември лани, вработените ја добиле пред три месеци, а бараат и осум неисплатени плати од 2008.
„Тринаесет плати не се исплатени, луѓето немаат картони како резултат на тоа. И тие плати што се исплаќаат досега се многу ниски, значи крајно тешка матријална состојба“, изјави Пеце Ристевски, претставник од ССМ.
ОХИС е една од неколкуте државни фирми загубари за која во тек е тендерска постапка.
И Асоцијацијата на независни синдакти на Железница најави штрајк. Редуцирањето на патниот и товарниот сособраќај низ целата земја требаше да почне во неделата една минута по полноќ, но Драги Арсовски од синдикатот смета дека може да почекаат уште неколку денови. Врз ова влијаел последниот разговор со претставници од владата. Причина за штрајкот е што подолг период платите не се исплатуават редовно.
„Платата за месец март да се исплати до 4 мај, таа за април да се исплати до 30-ти и натаму да си оди редовно исплатата на плата и да се среди проблемот со земање на сини картони.“
Експертите ја бранат идејата дека е потребно навремено решавање на социјално економските прашања и оти тоа подразбира козистентна фискална политика. Драги Јовановски има зборови на критика оценувајки дека владата треба да покаже знаење и способност за решавање на ситуации кога претпријатијата се наоѓаат во тешка состојба.
„Фискалната политика не е козистентна, нема доволно собирање на пари, нема инвестиции, нема отварање на нови работни места. Од тие причини веројатно не се собираат доволно пари во буџетот. Сето тоа рефлектира дека социјално- економската состојба е многу лоша.“
Пазарџиите пред еден месец протостираа пред владата. Бараат да се донесе законот за трговија, законски да им се реши статусот и да бидат здравствено и пензиски осигурани. Според нивниот Синдикат потребно е законско решение, а не плаќање паушал. УЈП бара пазарџиите да плаќаат паушален данок зависно од местото каде што се врши дејноста.
Тринаесет плати не се исплатени, луѓето немаат картони како резултат на тоа. И тие плати што се исплаќаат досега се многу ниски, значи крајно тешка матријална состојба.Пеце Ристевски, ССМ.
Работниците од ОХИС се собраа пред ССМ, а потоа протестираа пред владата. Вработените велат дека се во критична економска состојба и бараат 30 милиони евра позајмица за да може да опстанат додека фабриката не се продаде. Последната плата за ноември лани, вработените ја добиле пред три месеци, а бараат и осум неисплатени плати од 2008.
„Тринаесет плати не се исплатени, луѓето немаат картони како резултат на тоа. И тие плати што се исплаќаат досега се многу ниски, значи крајно тешка матријална состојба“, изјави Пеце Ристевски, претставник од ССМ.
ОХИС е една од неколкуте државни фирми загубари за која во тек е тендерска постапка.
Платата за месец март да се исплати до 4 мај, таа за април да се исплати до 30-ти и натаму да си оди редовно исплатата на плата и да се среди проблемот со земање на сини картони.Драги Арсовски, Асоцијација на независни синдакти на Железница.