Во струшките планински села Горна Белица и Вишни се развива рурален туризам. Првите гости се очекуваат на средината на месецов. Селата имаат што да понудат, проблем засега е лошата патна инфраструктура.
Повеќе од 200 викендици на бизнисмени, политичари, обични граѓани последниве неколку години никнаа во струшките планински села Горна Белица и Вишни. Недопрената природа, чистиот планински воздух овие места кои се наоѓаат на 1.500 метри надморска височина ги прават се попривлечни.
Првиот впечаток од овде е како да се наоѓате на некој познат скијачки центар. Куќарките наликуваат како оние на Алпите, распрскани на сите страни, а во околината идеални стази за скијање, спорт и рекреација.
Христијан Ковачевски од здружението за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга вели оти Белица и Вишни ќе им бидат понудени на странските туристи кој во иднина ќе го посетуваат регионот на Охрид и Струга.
„Направени се три пакети кои ќе им се нудат на туристите. Пакетите кои ќе се нудат се тематски за секое село и со нив се опфатени традиционалната храна, културно наследство и природни богатства. Може да се организраат еднодневни и дводневни тури“, изјави Ковачевски.
Гостите ќе се сместуваат освен во викендиците и во стари дрвени куќи изградени пред стотина година што би ја направила необична посетата на овие места
„Планот е во овие планински села да се развива туризам од април до септември затоа што до Белица во другиот период од годината не е возможно да се стигне бидејќи има големи количини на снег“, рече Ковачевски.
За Елена Лотеска Наумоска, туристички водич, проблем е се уште лошата патна инфраструктура.
„За жал за таквите места заинтересирани се само специјализирани пешачки тури кои што доаѓаат за пешачка тура низ Македонија. Имаме многу села кои имаат голем потенцијал, а се уште не се доволно промовирани“, рече Лотеска Наумоска.
Но Климентина Кралеска која сега живее во Струга вели оти е подготвена на гостите на располагање да и ја стави сопствената викедница во Белица.
„Местото е многу убаво и сместено е на 1.600 метри надморска висина. Ги имаме сите услови. Имаме вода, струја. За здравјето е многу убаво“, рече Кралеска.
Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот вели оти од нивна страна веќе била изготвена програма за развој на руралниот туризам.
„Се испитуваат можностите, во кој сегмент може и како да им се помогне на жителите во овие села, во опремувањето на објектите, инфраструктурата и самата промоција, едукација на населението“, изјави Суклоски.
Првите гости овде ќе пристигнат во средината на овој месец. Во центарот на Белица се наоѓа и хотел кој години наназад е надвор од употреба.
Направени се три пакети кои ќе им се нудат на туристите. Пакетите кои ќе се нудат се тематски за секое село и со нив се опфатени традиционалната храна, културно наследство и природни богатства. Може да се организраат еднодневни и дводневни тури.Христијан Ковачевски, Здружение за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга.
Првиот впечаток од овде е како да се наоѓате на некој познат скијачки центар. Куќарките наликуваат како оние на Алпите, распрскани на сите страни, а во околината идеални стази за скијање, спорт и рекреација.
Христијан Ковачевски од здружението за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга вели оти Белица и Вишни ќе им бидат понудени на странските туристи кој во иднина ќе го посетуваат регионот на Охрид и Струга.
„Направени се три пакети кои ќе им се нудат на туристите. Пакетите кои ќе се нудат се тематски за секое село и со нив се опфатени традиционалната храна, културно наследство и природни богатства. Може да се организраат еднодневни и дводневни тури“, изјави Ковачевски.
За жал за таквите места заинтересирани се само специјализирани пешачки тури кои што доаѓаат за пешачка тура низ Македонија. Имаме многу села кои имаат голем потенцијал, а се уште не се доволно промовирани.Елена Лотеска Наумоска, туристички водич.