Демонстрантите се сомневаат дека уапсените поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро се вистинските виновници.
Неколку илјади млади луѓе, доминантно млади Албанци, протестираат во Скопје поради апсењата на 20 лица поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Демонстрантите се сомневаат дека уапсените се вистинските виновници за убиството. Дел од нив велат дека со изјавата на министерката Јанкулоска дека станува збор за исламистичка терористичка група, се стигматизираат сите муслимани во земјава.
Протестите почнаа околу 13 часот и 30 минути, по завршувањето на петочната молитва кај Јаја Паша. Групата преку Бит Пазар се упати до Основниот суд Скопје 1, а оттаму кон владата. Демонстрантите не носeа никакви транспаренти. Тие фрлија неколку шишиња кон зградата на Владата, но нивните редари веднаш ги смирија демонстрантите. Има неколку албански знамиња, а забележавме и две исламски зелени знамиња. Групата извикува „оставка“, „УЧК“, „убијци“, „Алах е голем“. Забележавме само неколку луѓе со долги бради и панталони над глуждовите, карактеристични за оние што го практикуваат традиционалниот ислам.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5