Состојбата во Грција - отежнувачка околност за спорот за името

Премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот грчки колега Лукас Пападимос на маргините на Самитот на Европската унија во Брисел на 1 март 2012 година.

Се поизвесното формирање коалициона влада и се поголемите националиситички влијанија во грчката политика покажуваат дека се отежнуваат околностите за надминување на спорот за името, велат аналитичарите.
Какви и промени да донесат престојните избори во Грција, ниту според реториката која деновиве може да се чуе оттаму, ниту според атмосферата во оваа земја окупирана со својата нестабилност предизвикана од длабоките економски проблеми, не ветуваат олеснување на комуникацијата во насока на разрешување на спорот за името меѓу Македонија и јужниот сосед анализираат дел од експертите во земјава.
Сето тоа се елементи кои зборуваат дека ќе биде многу тешко, дека суштински преговори дури сега не ќе може да се изведат, туку дека Македонија ќе биде ставена пред дилемата дали да ги прифати грчките услови за да оди натаму или не.
Денко Малески, универзитетски професор.

Напротив, од она што се очекува како можен исход од изборите од се поизвесното формирање коалициона влада до се поголемите националиситички влијанија во грчката политика, зборуваат за тоа дека се отежнуваат околностите за надминување на долгогодишниот проблем, вели професор Денко Малески.

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас.


„Сето тоа се елементи кои зборуваат дека ќе биде многу тешко, дека суштински преговори дури сега не ќе може да се изведат, туку дека Македонија ќе биде ставена пред дилемата дали да ги прифати грчките услови за да оди натаму или не.“
Преку дипломатијата да ги одржува тие односи, да се труди што повеќе да ги ублажи тензиите меѓу нас и Грција, можеби ќе има потреба за некои промени и во внатрешната дневна политика за да новата грчка влада покаже разбирање за нашите потреби.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Во вакви околности не може ниту да се очекува релаксирање на односите со Грција, ниту пак одржување на темпото на директни контакти кои се неопходни и од нас се бараат во насока на приближување на страните. Веројатно нема да биде ист третманот на македонските политичари, особено ако на чело на новата влада се најде лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас, вели Малески, со оглед на неговата и досега манифестирана, но особено на овие избори користена реторика.

Но контакти ќе мора да има, додава аналитичарорт Алберт Муслиу, зашто притисоци за тоа ќе има и затоа што ние генерално мора одржуваме добри односи со нашиот јужен сосед, но веројатно ќе треба да се менува и домашната политика.

„Преку дипломатијата да ги одржува тие односи, да се труди што повеќе да ги ублажи тензиите меѓу нас и Грција, можеби ќе има потреба за некои промени и во внатрешната дневна политика за да новата грчка влада покаже разбирање за нашите потреби.“

Можеби сето ова ќе ги примора домашните политичари да отворат посуштинска и поширока дебата внатре во земјата за постигнување поширок консензус и соработка во врска со државниот настап по ова прашање, велат аналитичарите. Околностите не можат да се сменат, Македонија мора да го надмине спорот, без оглед на поддршката што ја добива од големите сили, како и од земјите членки на НАТО и на ЕУ.