Македонија е на последно место во регионот според слободата на медиумите. Работите мора да се менуваат, велат упатените.
Загрижувачки е падот на Македонија за неколку места во однос на слободата на печатот, велат претставници на новинарската фела. Тоа што земјава е на истото место со Молдавија, а сите други земји од регионот се во подобра позиција, е показател дека работите мора да се менуваат, велат упатените. Веста е шокантна, вели главниот и одговорен уредник на Утрински весник, Соња Крамарска.
„Не е толку работата во цензура, колку што е во економската зависност на медиумите и на новинарите и на нивните права што се заедно доведува до една таква ситуација којашто воопшто не е добра, која обесхрабрува.“
Новинарството во земјава тоне, вели главниот и одговорен уредник на телевизијата Алсат-М, Мухамед Зекири. Додека новинарите се расправаат меѓу себе, користи власта, вели Зекири.
„Продолжуваме да тапкаме во место и за жал дава резултати политиката на актуелната власт која е позната како подели па владеј. Новинарите во Македонија, новнарската фела никогаш не била поразединета од сега.“
Власта веќе најави нов Закон за медиуми, кој според најавите нема да значи задушување или ограничување на слободата на медиумите. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека со законот нема да се регулираат печатените медиуми, туку ќе се прави регистар на весници, а ќе се регулираат интернет медиумите. Крамарска, пак, укажува на потребата од итно менување на амбиентот во кој работат медиумите.
„Сите заедно да придонесеме оваа состојба да се измени. Кога велам сите заедно не мислам само на новинарите, туку мислам и на владата која што треба да создаде амбиент за слободни медиуми, мислам на сопствениците на медиуми, мислам и на уредниците и на главните уредници. Сите ние заедно треба да направиме нешто за тоа да се промени.“
Сликата за медиумската слобода во земјава е истата каква што ја покажа и извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја, вели комуникологот Марко Трошановски. Медиумите мора да се ослободат од партиските влијанија и од бизнис интересите на сопствениците, укажува тој.
„Пред се тука влагува концентрацијата на сопственост и нерегулираната медиумска сопственост, тука е и прашањето на декриминализација на клеветата и судските процеси против новинари, иако повторно и во овој случај владата се декларираше дека проблемот ќе биде решен, еве гледаме дека неговото пролонгирање не е на добро.“
Најновиот извештај на Фридом хаус Македонија ја вбројува во делумно слободни земји во однос на слободата на печатот. Намалениот резултат, според извештајот, е израз на влошената правна средина и политизираните одлуки на регулаторните тела, се вели меѓудругото во извештајот. Во однос на проценките во регионот, ситуацијата е статична во Србија и Босна и Херцеговина, а делумно подобрена во Црна Гора и Косово.
Не е толку работата во цензура, колку што е во економската зависност на медиумите и на новинарите и на нивните права што се заедно доведува до една таква ситуација којашто воопшто не е добра, која обесхрабрува.Соња Крамарска, главен и одговорен уредник на Утрински весник.
„Не е толку работата во цензура, колку што е во економската зависност на медиумите и на новинарите и на нивните права што се заедно доведува до една таква ситуација којашто воопшто не е добра, која обесхрабрува.“
Новинарството во земјава тоне, вели главниот и одговорен уредник на телевизијата Алсат-М, Мухамед Зекири. Додека новинарите се расправаат меѓу себе, користи власта, вели Зекири.
„Продолжуваме да тапкаме во место и за жал дава резултати политиката на актуелната власт која е позната како подели па владеј. Новинарите во Македонија, новнарската фела никогаш не била поразединета од сега.“
Продолжуваме да тапкаме во место и за жал дава резултати политиката на актуелната власт која е позната како подели па владеј. Новинарите во Македонија, новнарската фела никогаш не била поразединета од сега.Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на Алсат-М.