Неуспешно градење мостови меѓу Србија и Косово

Обидите на младите српски и косовски уметници да изградат мостови меѓу нивите земји и заедници постојано се осуетувани од долготрајните страхувања и зацврстените анимозитети. Така е и за време на меѓународниот младински саем во Белград.
Никој не вели дека градењето мостови е лесно. Особено кога јазот што сакате да го премостите лежи меѓу Србија и Косово.
Ние се обидовме како група млади луѓе да дадеме позитивен пример дека е можна соработка. За жал, групата фотографи од Приштина не е тука со нас бидејќи во светлината на новите настани се плашат да дојдат во Белград.
Милана Средојевиќ, организатор на изложбата. .

Српската националистичка група „Наши“ вети дека ќе демонстрира за време на конференцијата во Белград на која се собираат некои од најголемите и највлијателни интеренет организации со цел размена на идеи од технологијата, музиката и општеството доколку на неа учествува и поканетата група наречена Косово 2.0.

Членови на Наши на суд во Белград


Иако пред Уставниот суд на Србија во тек е постапка за забрана на екстремистите од движењето Наши, тоа, како што јавува допсиникот на Радио Слободна Европа од Белград Ива Мартиновиќ, не ги спречи да упатат закани можеби и поради пишувањето на дел од белградскиот печат со наслови од типот „Сакнадалозно: промоција на државата Косово сред Белград“.

Контроверезите дојдоа откако на 22 април беше отворена заедничка изложба на косовски и српски фотографи, спонзорирана од Европската унија. Ентузијазмот за тој настан беше нарушен, бидејќи никој од косовските фотографи не присуствуваше, плашејќи се од можни вознемирувања во Србија.
Tој поствоен апсурд се уште трае. Само што ќе помислиш дека веќе се доволно глупости и оти е време да почнеме да соработуваме како луѓе, некои групи се појавуваат и ми се чини дека тие се посилни од нас.
Јетон Незирај, писател од Приштина

Милана Средојевиќ е претседател на Алпбах клубот во чија организација беше изложбата.

Јетон Незирај.


„Ние се обидовме како група млади луѓе да дадеме позитивен пример дека е можна соработка. За жал, групата фотографи од Приштина не е тука со нас бидејќи во светлината на новите настани се плашат да дојдат во Белград. Ги разбирам и тоа е најдобар доказ колкав е стравот меѓу нас и денес. Единствен начин да го смениме тоа е да се сретнуваме и да се запознаваме“, вели Средојевиќ.

Таа додава дека само со индивидуални контакти е можна изградба на меѓусебна доверба, што е предуслов за, како што додава, нормален живот и за вистински европски регион. За да се обистини ваквата хармонична визија, се чини ќе треба уште многу време.

Јетон Незирај е писател кој живее во Приштина и објавува колумна наречена „Писма од предавник“. Тој додава дека старите анимозитети што доведоа до војна и поделба се уште се премногу силни.

„Мислам дека тој поствоен апсурд се уште трае. Само што ќе помислиш дека веќе се доволно глупости и оти е време да почнеме да соработуваме како луѓе, некои групи се појавуваат и ми се чини дека тие се посилни од нас. Знаеме какви стереотипи владеат на Косово за Србија и цел ни е да им ја покажаме онаа друга страна на нашите две земји и да тргнеме во тој нормален процес на соработка. Се надевам дека тоа ќе се случи за две до три години“, вели Јетон Незирај.