Мисијата на Европската унија на Косово и косовските власти го истражуваат инцидентот и ги повикаа сите заедници да го сочуваат мирот и да остават полицијата да ја води истрагата.
Претседателката Атифете Јахјага изјави дека насилните акти спречуваат воведување на владеењето на правото, посебно на северот на Косово.
Српските медиуми јавуваат дека синоќа во близина на Митровица група Албанци нападнала еден Србин кој потоа бил префрлен во болница. Според некои наводи, овој инцидент бил поврзан со претходниот бомбашки напад.
Тензиите на Косово пораснаа откако Србите на северот на Косово и покрај тоа што официјален Белград се откажа, најавија дека ќе одржат локални избори. Угледниот американски експерт за Балканот Даниел Сервер за Радио Слободна Европа оценува дека одлуката на Белград да не ги одржи изборите била добра и мудра.
Запрашан дали Србија некогаш ќе може да спроведе избори на Косово тој вели:
„Тоа не го знам, но мислам дека е важно оти што и да се случува на Косово, а што има врска со Србија, ќе бара спогодување меѓу Белград и Приштина. Тие мора да почнат да соработуваат, посебно кога е во прашање положбата на српската заедница, пред се Србите на северот на Косово“, вели Сервер.
То додава дека во тоа треба да постои фер однос од двете страни со цел да не им се нанесе штета ни на интересите на Косово, ни на косовските Срби.
Во врска со тоа дали постои некаков нов план за северот на Косово, односно дали се можни преговори меѓу Белград и Приштина со учество на меѓународната заедница за некаков вид посебно решение за северот на Косово вели:
„Да, многу се зборува за такви преговори. Немам информации што конкретно се случува на тој план, но мислам дека доаѓа време, ако ништо друго, за сеопфатна дискусија за тоа што треба да се прави со северно Косово. Американската позиција е дека тоа треба да биде процес на фазна, постапна реинтеграција со остатокот на Косово во согласност со планот на Ахтисари со кој се предвидува широка децентрализација и самоуправа.“
Според Даниел Серевер, ако некој на тоа се противи долго време, тогаш одговорот е седнете и разговарајте со Приштина. Запрашан дали во Приштина постои политичка волја за отворање на таква дискусија тој одговара:
„Да, мислам дека постои, бидејќи мислам дека луѓето во Приштина, иако тоа не се гледа на прв поглед поради официјалната политичка поза, совршено сфаќаат дека не можат просто да ја грабнат контролата над северот на Косово и да ги принудат тамошните Срби да и бидат лојални на Приштина. Тоа нема да се случи, па единство им преостанува да добијат доверба од Србите на северот. Секако, тоа нема да биде лесно, особено што таму има многу радикални Срби.“
Сервер оценува дека до решение мора да се стигне преку преговори и оти доаѓа време кога треба да се седне и отворено да се разговара за проблемот.
Што и да се случува на Косово, а што има врска со Србија, ќе бара спогодување меѓу Белград и Приштина. Тие мора да почнат да соработуваат, посебно кога е во прашање положбата на српската заедница, пред се Србите на северот на Косово.Даниел Сервер, американски експерт за Балканот.
Претседателката Атифете Јахјага изјави дека насилните акти спречуваат воведување на владеењето на правото, посебно на северот на Косово.
Српските медиуми јавуваат дека синоќа во близина на Митровица група Албанци нападнала еден Србин кој потоа бил префрлен во болница. Според некои наводи, овој инцидент бил поврзан со претходниот бомбашки напад.
Тензиите на Косово пораснаа откако Србите на северот на Косово и покрај тоа што официјален Белград се откажа, најавија дека ќе одржат локални избори. Угледниот американски експерт за Балканот Даниел Сервер за Радио Слободна Европа оценува дека одлуката на Белград да не ги одржи изборите била добра и мудра.
Да, многу се зборува за такви преговори. Немам информации што конкретно се случува на тој план, но мислам дека доаѓа време, ако ништо друго, за сеопфатна дискусија за тоа што треба да се прави со северно Косово.Даниел Сервер, американски експерт за Балканот.