Достапни линкови

На Западен Балкан сѐ уште му е потребно меѓународно присуство


Косово и Србија да го продолжат дијалогот, порача Хилари Клинтон по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и косовскиот премиер Хашим Тачи по нивните разговори во Вашингтон ја повторија заложбата за територијалниот интегритет на Косово и за косовските евроатлантски испирации. Премиерот Тачи, од своја страна, призна дека се уште на Косово му претстои долг пат на реформи.
Силно верувам во косовската независност и во територијалниот интегритет како и аспирациите на Косово да стане целосен партнер на меѓународната заедница и член на Европската унија и евентуално на НАТО. Соединетите Држави ќе продолжат да соработуваат со Унијата во решавањето на отворените прашања меѓу Косово и Србија.
Хилари Клинтон, државна секретарка на САД.

Потврдувајќи дека со косовскиот премиер Хашим Тачи разговорале за прогресот што Косово го прави во промовирањето на неговата европска иднина, американскиот државен секретар Хилари Кинтон нагласи дека Соединетите Држави силно го поддржуваат дијалогот меѓу Косово и Србија и ги поздравуваат досега постигнатите договори.

„Ги повикуваме двете земји да останат посветени на дијалогот и целосно да го спроведат она за што имаат постигнато договор.“

Хилари Клинтон, исто така изјави дека Соединетите Држави стојат рамо до рамо со луѓето на Косово на патот до целосно вклучување на Косово во европските и евроатлантските институции.
Косово е млада демократија. Сѐ уште ни претстои долг пат на реформи, зацврстување на институциите и економијата, добро владеење, борба против корупцијата со цел да го трансформираме нашето општество и да направиме позитивни промени. Но, некои работи никогаш не се менуваат. Тоа се нашата слобода, нашата независност, територијалниот интегритет и суверенитет.
Хашим Тачи, премиер на Косово.

„Силно верувам во косовската независност и во територијалниот интегритет како и аспирациите на Косово да стане целосен партнер на меѓународната заедница и член на Европската унија и евентуално на НАТО. Соединетите Држави ќе продолжат да соработуваат со Унијата во решавањето на отворените прашања меѓу Косово и Србија.“

Косовскиот премиер Хашим Тачи пак, наведувајќи го, како што рече, вечното пријателство меѓу Косово и Соединетите Држави изјави:

„Косово е млада демократија. Сѐ уште ни претстои долг пат на реформи, зацврстување на институциите и економијата, добро владеење, борба против корупцијата со цел да го трансформираме нашето општество и да направиме позитивни промени. Но, некои работи никогаш не се менуваат. Тоа се нашата слобода, нашата независност, територијалниот интегритет и суверенитет“, изјави Тачи.

Тој наведе дека негова визија за Косово и за регионот во целост се отворените граници и добрососедските односи.

„Сите земји во регионот ја делат истата цел и истата визија: членство во Европската унија и во НАТО. Но, за да се случи тоа, се уште ни треба силно фокусирање и присуство на Соединетите држави и Европската унија, не само на Косово, туку и во останатиот дел на Западен Балкан“, рече косовскиот премиер Хашим Тачи по разговорите во Вашингтон со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG