ВМРО-ДПМНЕ си тера лустрација, ДУИ бара и рехабилитација

Новиот закон за лустрација помина на прво читање само со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ДПА не гласаа, СДСМ и НСДП не учествуваа во расправата, а тие од ДУИ не дојдоа.
Законот за лустрација кој имаше за цел да овозможи прочистување од соработниците на тајните служби кај нас доби димензии на политички натегања. По вчерашните навреди изречени меѓу пратеници од ДУИ и ДПА на Комисијата за политички сиситем, на последната седница Комисијата го даде на натамошно читање предогот на законот, но на седницата не присуствуваа пратеници од ДУИ, СДСМ и НДП.
Ние го поддржуваме и во оваа фаза и во иднина, ама навистина мораме, нема смисла да се откријат соработниците на тајните служби, а да не бидат обесштетени жртвите од комунистичкиот систем.
Сузана Салиу, ДУИ.

ДУИ отиде чекор подалеку и побара паралелно со лустрацијата да се одвива и процес на рехабилитација на жртвите од комунистичкиот систем. Сузана Салиу наведе дека оваа партија веќе има изготвено текст во соработка со здруженијата на Албанците за рехабилитација на жртвите од комунизмот.

Собрание.


„Ние го поддржуваме и во оваа фаза и во иднина, ама навистина мораме, нема смисла да се откријат соработниците на тајните служби, а да не бидат обесштетени жртвите од комунистичкиот систем“, вели Сузана Салиу од ДУИ.
Го немаме разговарано прашањето околу рехабилитацијата, не знаеме дали се работи само за политичка рехабилитација или судска рехабилитација. Најважно од се е да ги видиме најдобрите европски пракси и врз основа на тоа заеднички да изградиме став.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, според ДУИ, неприсуството на членовите на пратеничката група на ДУИ било поради тоа што веќе немало атмосфера за дискусија по вчерашниот инцидент. Процесот на рехабилитација на жртвите од комунизмот е многу сериозен. Треба да ја добиеме драфт-верзијата на колегите и да ги видиме најдобрите европски искуства и пракси од земјите од Централна и Источна Европа, исто како што го работевме и Предлог-законот за лустрација пред да го поднесеме во собраниска процедура и врз основа на најдобрите пракси да можеме да го уредиме ова прашање, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева. По ваквиот развој на настаните, од ВМРО-ДПМНЕ не сметаат дека ДУИ го условува својот коалициски партнер.

„Колку што знам во коалицијата којашто е задничка со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и другите политички партии нема условување. Го немаме разговарано прашањето околу рехабилитацијата, не знаеме дали се работи само за политичка рехабилитација или судска рехабилитација. Најважно од се е да ги видиме најдобрите европски пракси и врз основа на тоа заеднички да изградиме став“, рече Бонева.

Зијадин Села од ДПА рече дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандмани на Законот и смета дека нема потреба Комисијата да гласа дали некој бил кодош или не, туку дека треба да се објават имињата на сите што соработувале со органите за државна безбедност.

„Треба да се стави крај на политички монтираните процеси“, рече Села.

Посочувајќи повторно на случајот Сопот, додаде дека и во последните години имало политички процеси против Албанците.

Според опозициската СДСМ, чии претеници најавија дека нема да присуствуваат на седниците, законот е правно неоснован и содржи политичко насилство и има за цел политички реваншизам, наместо помирување.