Македонците во Турција бараат македонско државјанство

Mакедонски иселеници што живеат во Турција.

Досега меѓу Македонија и Турција не постои меѓусебен договор за двојно државјанство, па доколку би добиле македонско, ќе мораат да се откажат од турското државјанство.
Повеќе илјади македонски иселеници што живеат во Турција бараат македонско државјанство, покрај турското, како и македонски пасоши. Станува збор за македонски муслимани кои државата ја напуштиле во педесетите години од минатиот век барајќи подобра егзистеницја и се преселиле во Турција. При заминувањето, тие се откажале од македонското државјанство, но нивните деца кои биле родени тука, денес возрасни луѓе сакаат да се поправи грешката што ја направиле нивните родители.
Ние сме Македонци, во Македонија сме родени. Македонски Турци сме, а не овдешни Турци. Ние сакаме од Македонија да ни даде државјанство.
Ќемал Капларов, претставник на Македонците од општина Чештепе, Турција.

Mакедонски иселеници што живеат во Турција .

„Ние сме Македонци, во Македонија сме родени. Македонски Турци сме, а не овдешни Турци. Ние сакаме од Македонија да ни даде државјанство. Немаме македонско државјанство. Ни велат ама вие се откажавте од тоа државјанство. Мојот татко се откажал, јас тогаш бев 15-годишно дете. Тој се потпишал дека не сака таму да живее, а јас ја сакам Македонија, јас сум таму роден. Јас не сакам од Македонија да ми даде земја, да ми даде пари, сакам само слободно да можам да одам и да идам“, вели Ќемал Капларов, претставник на Македонците од општина Чештепе.
Јас се надевам дека ќе се разгледа оваа ситуација зашто овие луѓе ја сакаат Македонија како своја матична држава. Се прават за да бидат поблиску до Македонија. Како амбасадор ми ги отвораат вратите во Турција и се борат за инвестиции во Република Македонија.
Горан Тасковски, амбасадор на Македонија во Турција.

Само во оваа општина која се наоѓа во егејскиот дел на Турција живеат 6.000 граѓани. Половината од нив се по потекло од Македонија. И по повеќе од половина век живот во Турција, поголемиот дел од нив ја чувствуваат Македонија како своја татковина.

„Вие што живеете во Македонија да не велите само наша е Македонија. Кога таа се ослободуваше во 1944 година и нашите се бореа за да биде слободна. Мојот чичко загина во Прилеп. Двајца мои соселани загинаа во Прилеп. И крвта наша е таму. Сакаме нив да не ги заборавиме, да можеме да ги посетиме гробиштата, родниот крај затоа треба да ни се даде државјанство“, додава Капларов.

Досега меѓу Македонија и Турција не постои меѓусебен договор за двојно државјанство, па доколку би добиле македонско, ќе мораат да побараат отпуст од турското. Македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски вели дека се трага по решение кое нема да биде во судир со законите.

„Јас се надевам дека ќе се разгледа оваа ситуација зашто овие луѓе ја сакаат Македонија како своја матична држава. Се прават за да бидат поблиску до Македонија. Како амбасадор ми ги отвораат вратите во Турција и се борат за инвестиции во Република Македонија“, вели Тасковски.