Отсекот за сообраќај и транспорт на Техничкиот факултет во Битола се става во мирување поради суфицит од кадар, а во истовреме се отвора таков смер на штипскиот универзитет.
На Техничкиот факултет во Битола во мирување се става отсекот за сообраќај и транспорт заради суфицит на кадар, а таков смер за 170 студенти се отвора во Виница во рамки на штипскиот универзитет, реагираат битолските професори. Тие се шокирани откако во Службен весник прочитаа дека оваа студиска програма годинава не добила квоти за запишување студенти.
Професор Тале Герамитчиовски прашува дали се занемарува Битолскиот, а се фаворизира Штипскиот универзитет.
„Кога се става во мирување студискиот програм по сообраќајно инженерство на Техничкиот факултет, во истата учебна година се отвора иста студиска програма на Машинскиот факултет во Виница со 170 студенти. Има четворица наставници со звање доцент. Тие треба да ја покриваат наставата на машинската студиска програма, па уште им се дава и студиска програма по транспорт и логистика, пандан на битолската. Или е направен превид или перфидно се води заткулисна политика да се омаловажи универзитетот во Битола.“
За професорите е парадокс тоа што Владата го става во мирување отсекот, а во исто време опремила современа лабораторија за потребата на студентите во вредност од 100.000 евра.
„Од страна на Владата на Македонија годинава беа донирани две лаборатории, од кои едната за насоката сообраќај и транспорт, со што нема логика да се вложува во лабораторија ако некој отсек се става во мирување“, вели деканката Весна Ангелевска.
Според професорите е нелогично и тоа што минатата година биле отворени уште четири нови паралелки по сообраќај во средните училишта во Битола и Прилеп, а сега матурантите ќе нема каде да го продолжат стручното образование. Ова беше единствен ваков отсек во Македонија, друг факултет за овој профил има во Белград. Според објавите во Службен весник, ова не е единствената студиска програма од Битолскиот универзитет што се става во мирување, такви ги има десетина.
Кога се става во мирување студискиот програм по сообраќајно инженерство на Техничкиот факултет, во истата учебна година се отвора иста студиска програма на Машинскиот факултет во Виница со 170 студенти. Има четворица наставници со звање доцент. Тие треба да ја покриваат наставата на машинската студиска програма, па уште им се дава и студиска програма по транспорт и логистика, пандан на битолската. Или е направен превид или перфидно се води заткулисна политика да се омаловажи универзитетот во Битола.Тале Герамитчиовски, професор на Битолскиот универзитет.