Камати од скоро 85 милиони евра треба да се платат за новото задолжување од 250 милиони евра, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.
Задолжувањето повторно станува предмет на внимание на економистите по најновиот кредит што го најави владата од Дојче Банк во висина од 250 милиони евра. Економистите посочуваат дека задолжувањето на годишно ниво владата треба транспарентно да го искажува. Ова е потребно за да може да се следи колку се задолжуваме, но до таков одговор не може да се дојде.
Потегот може да се следи како апсолутно прифатен начин на работа во земјите кои се демократски уредени, каде податоците за задолжување се објвуваат месечно. Но што може да се стори во таква ситуација? Она што се знае е дека владата има одреден износ на дефицит секоја година, кој варира меѓу 2 и 3 отсто годишно од БДП. Оваа година тој е утврден на 2,5 и тоа одговара на 180 до 190 милиони евра годишно повеќе средства кои се трошат, отколку даночните приходи, односно тоа значи дека за тие средства државата се задолжува, вели поранешниот министер за финансии професор Никола Поповски.
„Значи дека Македонија годишно задолжува, во последните 2-3 години, околу 150 до 200 милиони евра со дополнителен долг, тоа е тоа што произлегува од буџетот. Во исто време Македонија и враќа некои долгови, кои се буџетски операции кои не влијаат од даночните приходи. Затоа е најдобро податоците во основа да се гледаат како процент од БДП-то.“
Вреди да се забележи дека Македонија во последните 10 години имаше период на раст на долгот некаде до 2002, после период на намалување на долгот некаде до 2007, а од 2008 повторно почнува период на задолжување што се базира на дефицитот кој владата го има во буџетот. Економистите проценуваат дека ризикот од задолжувањата во овој момент не произлегува од висината на долгот. Според нив, тој не е премногу голем и не достигнува на критично ниво, но она што прво се истакнува е дека владата парите не ги троши за изградба на инвестициски развојни проекти кои би оставиле траен белег врз економијата.
„Најмногу ќе се трошат на тековни расходи, значи тоа може да влијае само на краток рок за да се одржи агрегатната побарувачка во земјата, меѓотоа не и да генерира позитивни екстерналии на долг рок како што би биле капиталните инвестиции коишто би го зголемиле процентот на вработени во земјата“, коментира Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
Вториот проблем е високата цена на долгот. Долгот не е висок, но плаќаме високи камати, проценува Поповски.
„Да речеме пред 3-4 години беше со 9,8 проценти, сега еве најавија ново задолжување со 7 проценти, тоа се високи камати. Седум проценти на 250 милиони за пет години ќе биде некаде околу 85 милиони евра само камати да платиме.“
Ако владата реши да продолжат тенденциите на задолжување, тогаш сигурно ќе се доведеме во ситуација кога и долгот ќе стане висок, додава Поповски.
Најмногу ќе се трошат на тековни расходи, значи тоа може да влијае само на краток рок за да се одржи агрегатната побарувачка во земјата, меѓотоа не и да генерира позитивни екстерналии на долг рок како што би биле капиталните инвестиции коишто би го зголемиле процентот на вработени во земјата.Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.
Да речеме пред 3-4 години беше со 9,8 проценти, сега еве најавија ново задолжување со 7 проценти, тоа се високи камати. Седум проценти на 250 милиони за пет години ќе биде некаде околу 85 милиони евра само камати да платиме.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.