Во Франција денеска е последен ден од кампањата пред неделниот прв круг на претседателските избори. Во трката се десет кандидати, но само двајца од нив ќе можат да се пласираат во вториот круг што треба да се одржи на 6 мај. Според анкетите, актуелниот претседател Никола Саркози е веднаш зад кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд.
Се чини дека нема ништо ново во претседателската изборна кампања во Франција. Агендата се води според француските опсесии, пишува Фајненшал тајмс објаснувајќи: „Исто како и селото на Астерикс против Римската Империја и Франција се држи сама против глобализацијата и странското влијание“.
За оние на десно, имигрантите се виновни за проблемите. За оние на лево, пак, пазарите и англосаксонците се непријатели.
И за двете страни, државата треба да биде силна и да донесува стратегиски економски одлуки со индустриска политика, се наведува во текстот објавен во Фајненшал тајмс, во кој се додава дека ниту еден од сегашните кандидати за претседател на Франција не се осмелува да објасни дека кратењето на јавните трошоци е неопходност, дека благосостојбата на државата е под прашалник и оти невработеноста кај младите ќе расте.
Никој навистина не кажува дека враќањето на продуктивноста и конкурентноста всушност значат години на пот и солзи, пишува во коментарот во кој се оценува:
„Најзагрижувачки аспект од оваа кампања не е дека Франција останува затвореник на старите опсесии, туку заборавањето на двете најголеми достигнувања: етаблирањето на универзалната визија за човековите права и инвентирањето на несовршената, но потребната форма на наднационално владеење - Европската унија.“
За жал, поранешните проевропски партии се зафатени од суверенистичко раположение. Ниту центристите, ниту социјалистите немаат визија за Европа.
Еден од претседателските кандидати Франсоа Оланд предлага враќање на заминувањето во пензија со 60 години, а вети и дека ќе преговора со Брисел околу новиот договор за фискалната компактност.
Меѓутоа, по изборите, новиот француски претседател ќе се соочи со вистинската реалност: секое повторно преговарање ќе зависи од Ангела Меркел и од Марио Монти.
Најголемиот предизвик на еврозоната во наредните пет години ќе биде да се постави силна, демократски легитимна моќ која ќе владее со економската унија. Во таа смисла француската кампања ја пропушти шансата.
Како и да е, оваа тема ќе остане на врвот на агендата. Ние ќе треба да погледнеме преку националните држави и преку суверенитетот базиран на дефинирани територии и хомогени популации.
„Нашите општества веќе се измешани, без оглед на она што го претендира крајната десница на Марин Ле Пен. Нашите економски интереси веќе се премногу поврзани. Преуредувањето на Европската унија е предизвик за сите Европјани“, се наведува во текстот објавен во весникот Фајненшал Тајмс.
Исто како и селото на Астерикс против Римската Империја и Франција се држи сама против глобализацијата и странското влијание.Фајненшал тајмс.
За оние на десно, имигрантите се виновни за проблемите. За оние на лево, пак, пазарите и англосаксонците се непријатели.
И за двете страни, државата треба да биде силна и да донесува стратегиски економски одлуки со индустриска политика, се наведува во текстот објавен во Фајненшал тајмс, во кој се додава дека ниту еден од сегашните кандидати за претседател на Франција не се осмелува да објасни дека кратењето на јавните трошоци е неопходност, дека благосостојбата на државата е под прашалник и оти невработеноста кај младите ќе расте.
Најзагрижувачки аспект од оваа кампања не е дека Франција останува затвореник на старите опсесии, туку заборавањето на двете најголеми достигнувања: етаблирањето на универзалната визија за човековите права и инвентирањето на несовршената, но потребната форма на наднационално владеење - Европската унија.Фајненшал тајмс.