„Вечера за еден“ е британска комедија од 1963 година која Германците најмногу ја гледаат на Новогодишната ноќ. Година по година тие уживаат како мис Софија го прославува нејзиниот 90 роденден само со батлерот Џејмс. Тој и препорачува да ја направат истата процедура како и лани, односно да наздравуваат за сите што некогаш биле присутни на вечерата, а сега се мртви. И така, здравица по здравица тие стануваат се попијани.
Германската телевизија АРД направи пародија во која Ангела Меркел е вдовицата, а Никола Саркози батлерот.
Тие ги заземаат местата на лидерите кои веќе си заминаа од евро самитите - Јоргос Папандреу од Грција, Хозе Луис Запатеро од Шпанија и, иако се уште е на функција, Дејвид Камерон од Британија. Италијанецот Силвио Берлускони е претставен како килим од тигарска кожа.
Шегата е јасна: самитите се празни шаради, а останаа само Меркел и нејзиниот комичен слуга Саркози. На нивниот прв состанок годинава, тие треба да го подготват патот за уште еден самит на ЕУ што треба да се одржи на 30 јануари.
Двете страни на, како што веќе ја нарекуваат, двојката Меркози, годината ја почнаа со надминување на другите во мрачните предвидувања.
За францускиот претседател оваа криза е најлоша од Втората светска војна. За германската канцеларка, патот до целосното заздравување ќе биде долг и трнлив, но на крајот Европа ќе биде посилна. За самата Германија 2012 ќе биде полоша од претходната.
Има извесна доза на политиканство во целото ова сеење на страв, пишува Економист, додавајќи:
„Саркози сака да им каже на француските гласачи пред пролетните претседателски избори дека само тој е способен да ги заштити во тешките времиња кои доаѓаат.“
Меркел сака да ги убеди Германците дека претстојните тешкотии не се поради неуспехот на нејзината политка, туку неопходен дел од заздравувањето на Европа. Камерон пак, сака да ја обвини еврозоната за британските проблеми. Ништо од ова не сугерира дека еврокризата е акутна и оти таа може да се интензивира. Италија треба да врати голем дел од долгот, шпанскиот буџетски дефицит расте, Франција го губи рејтингот, Грција оди на полошо, а не на подобро, европските банки се кревки.
Толку ветуваниот одбранбен штит за еврозоната се уште не е формиран. Владите во Европската унија се зафатени со пишување на текстот на минорниот договор постигнат на самитот во декември каде што Камерон славно го стави неговото вето.
Колку за потсетување, под германски притсок евролидерите се согласија на нова фискална компактност и построги буџетски правила. Новиот пакт може да помогне во превенција на идната криза, но прави малку за да ја запре сегашната.
Сепак, многу енергија се троши на пишување на договорот кој треба да биде готов за наредниот самит и потпишан во март. Но, дали пазарите ќе бидат убедени? Многумина сакаат Европската централна банка да купи што е можно повеќе евро обврзници за смирување на пазарите.
Но, тоа е незамисливо, со ваков маргинален и условен договор и со тоа што Меркел не може ни да замисли заеднички обврзници, барем не до изборите во Германија догодина. И како во пародијата на „Вечера за еден“, така и Меркози ќе продолжи без еврообврзници. Ваквата самозаблуда ќе беше смешна да не е толку застрашувачка, наведува весникот Економист.
Германската телевизија АРД направи пародија во која Ангела Меркел е вдовицата, а Никола Саркози батлерот.
Двете страни на, како што веќе ја нарекуваат, двојката Меркози, годината ја почнаа со надминување на другите во мрачните предвидувања.
Тие ги заземаат местата на лидерите кои веќе си заминаа од евро самитите - Јоргос Папандреу од Грција, Хозе Луис Запатеро од Шпанија и, иако се уште е на функција, Дејвид Камерон од Британија. Италијанецот Силвио Берлускони е претставен како килим од тигарска кожа.
Шегата е јасна: самитите се празни шаради, а останаа само Меркел и нејзиниот комичен слуга Саркози. На нивниот прв состанок годинава, тие треба да го подготват патот за уште еден самит на ЕУ што треба да се одржи на 30 јануари.
Двете страни на, како што веќе ја нарекуваат, двојката Меркози, годината ја почнаа со надминување на другите во мрачните предвидувања.
Новиот договор може да помогне во превенција на идната криза, но прави малку за да ја запре сегашната.