Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс се закани дека ќе го намали кредитниот рејтинг на земјите члeнки на еврозоната. Агенцијата размислува на таков чекор поради систематските стресови и случувањата во еврозоната во последните две недели. Според агенцијата, лидерите на ЕУ исто така потфрлиле во изнаоѓањето адекватен план за справување со кризата.
Одлуката ќе опфати 6 земји кои имаат кредитен рејтинг ААА, меѓу кои и Германија. Ним рејтингот ќе им бил намален за еден степен, додека за 9 други, меѓу кои и Франција, од ААА би можеле да паднат и за 2 степени. Две земји од еврозоната не се ставени на разгледувања и тоа Кипар, чиј рејтинг веќе беше намален и Грција која го има најлошиот рејтинг во светот ЦЦ.
Реагирајќи на веста, францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел издадоа соопштение во кое се наведува дека тие и европските партнери се решени да бидат преземени сите мерки за да се обезбеди стабилност на Еврозоната. Меркел и Саркози бараат пред се финансиска дисциплина во Еврозоната.
„Ние сакаме автоматски санкции во случај да не се почитуваат правилата на поставување дефицит под 3 насто. И бараме само квалификувано мнозинство да може да го опонира тоа. Тоа е во спротивност со она што се случува денеска“, изјави Саркози, кој заедно со Меркел предложија казни за владите кои нема да успеат да го држат дефицитот под контрола.
Нивен предлог е да се побрза и со воспоставување перманентен пакет помош за државите во криза. Тоа значи промена во договорот на Европската унија и ќе биде ставено на дискусија на самитот на ЕУ во петок.
Ние сакаме автоматски санкции во случај да не се почитуваат правилата на поставување дефицит под 3 насто. И бараме само квалификувано мнозинство да може да го опонира тоа. Тоа е во спротивност со она што се случува денеска.Никола Саркози, претседател на Франција.