Македонците не трошат пари на онлајн шопинг

Во Македонија, купувањето преку интернет учествува само со 1 отсто од трансакциите преку електронски картички, кои чинат 8 до 10 отсто од вкупниот промет во државата.
Венчаница за 150 долари, целосна бебешка опрема од креветче, количка, цуцли, шишиња и ситни потребштини за вкупно 250 долари, кинески телефон на кој ќе можете да бидете достапни на два броја и во едно да имате опција за да гледате телевизија на него за само 100 евра, последниот модел на ЛЦД телевизор за само 350 долари, додатоци за вашиот фотоапарат за неколку стотина долари.
Ми смета што не е присутен paypal како начин на плаќање преку Македонија, што многу ни е потребен. Купувам странски производи, македонски немам купено, веројатно затоа што ги нема присутни голем број на продавници онлајн.
Анкетиран граѓанин.

Ова е дел од понудата на светските он лине продавници чии производи се за неколку пати поефтини да ги купите преку интернет отколку да ги барате во Македонија. Но кога ќе се обидете да ги купите преку интернет може да наидете на неколку проблеми. Може да ја нема земјава наведено во списокот на земји до кои безбедно ќе ви го испорачаат производот, може да ви се случи со вашата кредитна картичка да не можете воопшто да купувате на интернет.

Но доколку ова не ви претставува пречка и вие успеете да порачате производ од странство, можноста производот за кој сте платиле никогаш да не ви пристигне останува отворена како и онаа да ви стигне производот ама со него и честитка од цариниците за давачки кои може да бидат поголеми и од
Дури и да компaнијата односно продавницата од која што нарачувате вели дека може да испорача во Македoнија, дури и сервисот кој тие го користат за достава да испорачува во Македoнија, вие никогаш не може да бидете сигурни дали ќе ви биде наплатена дополнителна царина, дали производот ќе ви биде задржан на увид, дали воопшто ќе стигне до вас, затоа што често се случува во ситемот на следење да исчезне пратката кога ќе стигне веќе во Македонија.
Дарко Булдиовски, интернет консултант.

вредноста на производот.
Со вакви проблеми се соочуваат дел од македонските потрошувачи кои купуваат онлајн.

Дел од граѓаните кои купуваат производи преку интернет велат дека тоа го прават само од веќе проверени он лине продавници и тоа најчесто странски производи.

„ Најчесто купувам преку e-bay, на нашиве страници не купувам.“

„Ми смета што не е присутен paypal како начин на плаќање преку Македонија, што многу ни е потребен. Купувам странски производи, македонски немам купено, веројатно затоа што ги нема присутни голем број на продавници онлајн.“

„Приметив дека всушност од Америка додека да пристигне некој производ и поштарина кога ќе се плати, излегуваат многу пари, поефтино ќе ми беше да отидев до Америка.“

Интернет консултатнтот Дарко Булдиовски вели дека една од најголемите пречки со кои се среќаваат граѓаните е безбедност и гарантираност на испорака.

„Дури и да компaнијата односно продавницата од која што нарачувате вели дека може да испорача во Македoнија, дури и сервисот кој тие го користат за достава да испорачува во Македoнија, вие никогаш не може да бидете сигурни дали ќе ви биде наплатена дополнителна царина, дали производот ќе ви биде задржан на увид, дали воопшто ќе стигне до вас, затоа што често се случува во ситемот на следење да исчезне пратката кога ќе стигне веќе во Македонија.“

Според последниот извештај на УСАИД во Македонија, купувањето преку интернет учествува само со 1 отсто од трансакциите преку електронски картички, кои чинат 8 до 10 отсто од вкупниот промет во државата. Кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.

Британскиот Центар за истражување на малопродажбата покажува дека онлајн продажбата минатата година во Европа порасна за 18,2% во однос на претходната година.

Се проценува дека европската интернет продажба оваа година ќе порасне за 16% и ќе достигне 233 милијарди евра, што претставува 8,8% од вкупната малопродажба во Европа.

Убедливо најмногу пари онлајн потрошиле Британците, 871 евра по човек во просек, а по нив на второ место се Шпанците со 255 евра по човек.