Младите политичари нема од кого да учат

Форум на тема „Политички дијалог меѓу младите политичари во Македонија.

Подмладоците на политичките партии имаат идеи како да го подигнат нивото на комуникација во општеството, но велат дека немаат баш примери од повозрасните политичари од кого да учат.
Невладиниот сектор во Македонија последните три години работеше со подмладоците од сите политички партии за остварување на својот проект за подобрување на политичкиот дијалог во земјава. Со оглед дека проектот на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид успеа да собере млади политичари од 14 партии.
Видов креативност, но видов и опортунизам, видов нови идеи, видов и послушност, очекував доста импулси за развој на општеството, за иднината. Се надевам дека во тек на овој панел ќе разговараме и за поделеноста на општеството, за начините како да се надмине оваа поделеност“, изјави Харолд Шенкер кој има искуство како експерт на проектот.
Харолд Шенкер, странски експерт.

Се поставува прашањето дали воопшто може да се работи на зацврснување на политичкиот дијлог и меѓу партиската соработка преку различни активности кога проектот ќе заврши. Странските експерти вклучени во проектот, кој опфаќа работилници и локални тркалезни маси, ги прашаа младите идни политичари дали имаат идеи како позитивното искуство од работата да го пренесат во насока на унапредување на комуникацијата во пракса.

Форум на тема „Политички дијалог меѓу младите политичари во Македонија.


„Видов креативност, но видов и опортунизам, видов нови идеи, видов и послушност, очекував доста импулси за развој на општеството, за иднината. Се надевам дека во тек на овој панел ќе разговараме и за поделеноста на општеството, за начините како да се надмине оваа поделеност“, изјави Харолд Шенкер кој има искуство како експерт на проектот.“
Мојата идеја е да се обидеме да најдеме што е тоа што не обединува, на пример сведоци сме во последниот период имаше одредени турбуленции во меѓуетничкиот живот во Македонија, но доколку ги слушнеме пораките од младите, единствено може да чуеме пораки на обединување“, рече Борче Стамов од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.
Борче Стамов, ВМРО ДПМНЕ.

Дебатата што ја организираше Институтот од Охрид беше фокусирана на политичкиот дијалог и како младите политичари може истиот да го подигнат на повиско ниво. Младите политичари зборуваа и за одговорноста за зацврснувањето и доградувањето на меѓуетничкиот соживот меѓу младите.

„Мојата идеја е да се обидеме да најдеме што е тоа што не обединува, на пример сведоци сме во последниот период имаше одредени турбуленции во меѓуетничкиот живот во Македонија, но доколку ги слушнеме пораките од младите, единствено може да чуеме пораки на обединување“, рече Борче Стамов од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Зборувајќи за можноста за градење платформа за подигнување на комуникацијата во земјава Соња Петрова која го претставува подмладокот на СДСМ наведе дека не може да се издвојат такви примери од лекциите кои подмладоците ги учат од поискусните политичари. Едно од местата каде владеачкото мнозинство глуми дека сака да разговара е токму Парламентот, истакна Петрова.

„Барем половина од членовите на владата се на возраст од околу триесетина години, и тоа е апсурдно, бидејќи се смета дека постарите политичари биле дел од еден претходен ситем, а денешните млади преродени, условно речено осознаени генерации се каде, каде понетолерантни од некогашните политичари.“

Целта на форумот беше да даде придонес кон подобрување на климата на поларизација и да потикне поголема комуникација помеѓу младите членови на политичките партии. Покрај дебата се одржа и панел на кој 40- тина млади политичари од различни партии ги претставија заедничките иницијативи кои ги работеле со Иститутот и заедно со експертите и претставници на различни институции.