Полицијата вели дека, ако нема соработка од грчките граничари, не може херметички да ја затвори границата за нелегалните имигранти.
Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки и активности за спречување на транзитот на илегални мигранти, додека, пак, дел од упатените посочуваат дека проценката на криминалците дека контролата се подзаборава ги поттикнува илегалните миграции.
Темата повторно се актуелизираше откако полицијата откри група африкански мигранти во куќа во Скопје, на кои крајна дестинација им било селото Лојане.
Кон крајот на минатата година мигрантите од Лојане даваа изјави пред камерата на Радио Слободна Европа.
Од општина Липково нема официјални информации за ситуацијата на теренот. Соговорници од околината, кои инсистираат на анонимност, велат дека не забележале зголемено полициско присуство. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски вели дека постојано се вршат проверки на граничните премини низ земјава, посебно на јужната граница.
„Бидејќи факт е дека илегалните имигранти не доаѓаат директно во Лојане, туку напротив, нелегално влегуваат во Македонија од земја чланка на ЕУ, односно најчесто, во преку 90 отсто од случаите, од Грција, така што голем дел од напорите на македонската полиција, на МВР е токму во обезбедувањето на јужната граница кон Грција.“
Факт е дека се работи за специфична гранична линија која не може херметички да биде затворена, вели Котевски.
„Без разлика колкави напори вложува МВР во обезбедување на сопствената граница, доколку нема соодветен одговор од јужната страна, односно од задолжените за обезбедување на границата и од грчка страна, напорите не можат да вродат 100 проценти со плод.“
Интензивираните напори против појавата на илегална миграција пред неколку години даде резултат, вели професор Стефан Буџаковски.
„Меѓутоа најверојатно проценките на оние коишто се занимаваат со овој вид на криминал се дека веќе тоа поле е подзаборавено и повторно ја воспоставиле истата комуникација и транспорт на такви личности.“
Се поставува прашањето дали сиромаштијата и невработеноста во земјава го разгорува бизнисот со помагање на илегални мигртанти? Буџаковски одговара:
„Овие појави се јавуваат како фактор за сите видови криминалитет, меѓу кои и за овој, меѓутоа трговијата со луѓе ја работат високоорганизирани групи и се работи за криминал од повисок вид.“
Темата повторно се актуелизираше откако полицијата откри група африкански мигранти во куќа во Скопје, на кои крајна дестинација им било селото Лојане.
Кон крајот на минатата година мигрантите од Лојане даваа изјави пред камерата на Радио Слободна Европа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Факт е дека илегалните имигранти не доаѓаат директно во Лојане, туку напротив, нелегално влегуваат во Македонија од земја чланка на ЕУ, односно најчесто, во преку 90 отсто од случаите, од Грција, така што голем дел од напорите на македонската полиција, на МВР е токму во обезбедувањето на јужната граница кон Грција.Иво Котевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.