Владата најави ребаланс на буџетот со кој ќе ги намали расходите меѓу 114 и 122 милиони евра.
Прогнозата за економски раст за оваа година од 4,5 проценти, која многумина уште одмана ја оценија како предимензионирана, најпосле ќе се намали, но засега не се соопштува колку ќе изнесува. Владата кажа дека ќе има намалување на буџетот и тоа за износ меѓу 114 и 122 милиони евра. Ќе мора да има штедење и кај капиталните инвестиции, но нема да се кратат платите и пензиите, социјалните надоместоци и субвенциите, ниту ќе се намалува бројот на вработените во администрацијата. Економистите инспирирани од нивните предупредувања дека креираниот буџет од 2,75 милијарди е нереален, сега потенцираат дека намалувањето треба да се врши таму каде што ќе биде најбезболно за економијата, односно каде што најмалку ќе се одрази.
„Би требало да бидат сите оние каде што имаме трошење пари во странство, значи каде што парите би излегле од земјата и онаму каде што имаме непродуктивни ставки, односно ставки коишто ќе донесат најмалку идни приходи во земјата, најмалку ќе се одразат врз општествениот производ“, изјави Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје.
Економистите остануваат приврзани кон ставот дека во време на криза треба да се избегнуваат трошења на проекти кои не се поврзани со проблеми кои се актуелни во земјава, какви што се намалување на сиромаштијата, невработеноста и поттикнување на стопанската активност. Тоа го повтори и Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
„Јас сметам дека никако не би требало да се чепкаат капитални инвестиции во инфраструктурата. Тие обично ангажираат и голем број луѓе при нивната реализација и сето тоа со себе повлекува да може да го ублажи влијанието врз стапката на невработеност. Меѓутоа ако има некои други инвестиции коишто се поврзани со одредени проекти коишто можеби не се од доменот конкретно на невработеноста, сиромаштијата, така што тие мислам дека треба да се одложат секако.“
Како причина за корекцијата на државната каса, владата ги наведе кризата во евро зоната и неповолните услови кои во првите три месеци од годината веќе довеле до пад на приходите за девет проценти во однос на плановите. Владата ќе мора да прави ребаланс по само неколку месеци. Економистите оваа одлука ја оценија како чекор кој покажува дека владата го признала она за што сите ја предупредувале, оти парите не се расподелни правилно и оти по пат се губат на непотребни трошења.
„Така што сметам дека сигналите веќе беа достапни уште минатата година и владата требаше да ги земе со сериозност и да не биде премногу оптимистична дека Македонија може нема да ја зафати тој бран на криза“, вели Хаџимустафа.
Одлуката за корекција на државната каса беше донесена завчера. СДСМ веднаш ја праша владата зошто досега се инаетела и не ги прифаќала нивните предози дека буџетот е нереален.
Би требало да бидат сите оние каде што имаме трошење пари во странство, значи каде што парите би излегле од земјата и онаму каде што имаме непродуктивни ставки, односно ставки коишто ќе донесат најмалку идни приходи во земјата, најмалку ќе се одразат врз општествениот производ.Сашо Арсов, Економски факултет Скопје.
Економистите остануваат приврзани кон ставот дека во време на криза треба да се избегнуваат трошења на проекти кои не се поврзани со проблеми кои се актуелни во земјава, какви што се намалување на сиромаштијата, невработеноста и поттикнување на стопанската активност. Тоа го повтори и Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
ас сметам дека никако не би требало да се чепкаат капитални инвестиции во инфраструктурата. Тие обично ангажираат и голем број луѓе при нивната реализација и сето тоа со себе повлекува да може да го ублажи влијанието врз стапката на невработеност.Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.