ЕУ ќе опсервира три македонски фабрики за производство на цевки, за да утврди дали и е нанесена штета на индустријата од тој сектор во Унијата.
Три македонски фабрики ќе влезат под најавената опсервација на ЕУ дали како извозници на заварени цевки и на шупливи профили ги продаваат своите производи под цена на територијата на Унијата. Истрагата која се иницира врз основа на жалба од неколку врвни европски производители на овој тип производи, а се однесува и на компании од Украина и од Турција, треба да утврди дали ваквиот извоз и нанел штета на индустријата од овој сектор во рамките на Унијата.
Извршниот директор на Фабриката за цевки „11 Октомври“ од Куманово вели дека оваа фабрика е несреќно влезена во групата фабрики што ќе бидат под опсервација, бидејќи воопшто не ги произведува тие типови на комерцијални производи со кои, не само овие три, туку десетина држави го нарушуваат европскиот пазар.
„Воведуваат опсервација под претпоставка дека некој им го пореметил пазарот, сакаат да дознаат и да имаат информација како ние македонските фирми настапуваме во Европа.“
Во Македонија вкупно три фабрики произведуваат ваков тип производи. Освен Фабриката „11 Октомври“, тоа се и ИГМ Кавадарци и Металпромет од Струмица. Од кавадаречкиот производител на челични цевки немаат коментар на најавата за ваква опсервација. Упатуваат на Министерството за економија од каде што информираат дека истрагата која што ќе трае 9 месеци не значи дека ќе заврши со воведување антидампинг мерки. Доколку се случи тоа реперкусии ќе трпат соодветните фирми но не и државата, вели Сузана Прањиќ од министерството за економија.
„Значи ќе треба да почекаме девет месеци, доколу се случи истрагата да резултира со мерки за заштита, тие ќе се однесуваат на поединечните компании, тоа беше посебно потенцирано, а не на државата во целина, ниту на целата гранка која е под истрага.“
Богдановски, пак, без сомневање проценува дека од евентуалното воведување дополнителни давачки за типот на засегнатите производи ќе трпи и оваа индиустрија но и државата.
„На нас пазарот ни беше Европа, ударен пазар. Догодина и Хрватска ќе биде во Европа, што значи дека автоматски го губиме пазарот. Ќе има последици, ние имаме околу 1.000 вработени. Тоа ќе значи дека ние таков производ нема да може да извезуваме таму. Ние дефакто увезуваме, ама и извезуваме, имаме нето девизен прилив, а тој прилив го користи државата.“
Според Богдановски, европскиот пазар може да се чува единствено со квалитет но не и со ниски цени. Шупливите профили се користат во градежната индустрија, бродоградбата, производствотот на земјоделска опрема, мебел и играчки.
На нас пазарот ни беше Европа, ударен пазар. Догодина и Хрватска ќе биде во Европа, што значи дека автоматски го губиме пазарот. Ќе има последици, ние имаме околу 1.000 вработени. Тоа ќе значи дека ние таков производ нема да може да извезуваме таму. Ние дефакто увезуваме, ама и извезуваме, имаме нето девизен прилив, а тој прилив го користи државата.Фабриката за цевки „11 Октомври.