Целта на Законот за лустрација не е казнување, туку да не им се дозволи на соработниците на комунистичките тајни служби да дојдат на функција.
Новиот состав на Уставниот суд може да донесе и поинаква одлука за укинатите одредби од законот за лустрација, но тоа е малку веројатно да се случи, вели поранешниот уставен судија, професор Бајрам Положани.
Во мај истекува 9-годишниот мандат на тројца уставни судии на чие место Собранието треба да назначи нови. Дел од медиумите објавија дека тоа ќе го смени односот на „силите“ во судот во корист на владејачкото мнозинство, по што одредбите што досега беа укинувани или поништувани од Уставниот суд, сега ќе може да го поминат и овој филтер.
Положани вели дека Уставениот суд дал многу издржани аргументи зошто ги укинува одредбите, па затоа е малку веројатно судот, и во променет состав, да донесе поинаква одлука ако во најавениот нов закон за лустрација повторно се содржат истите одредби.
„Се очекува, кога ќе дојдат новите тројца судии, со овие партиски препукувања и за кадровскиот состав на Уставениот суд, дека би можел Уставниот суд да ја измени судската пракса по некое решение, но тоа тешко може да се случи.“
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе предложи нов закон за лустрација кој ќе важи до 2006 година, односни до носењето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а според кој ќе се лустрираат и лица кои стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, според Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал. Најавениот нов закон за лустрација предвидува јавно објавување на имињата на соработниците на интернет страницата на Комисијата за лустрација.
Професор Бајрам Положани смета дека и таа одредба е неуставна, затоа што целта на законот е да ги спречи соработниците на комунистичките служби да дојдат на јавна фукнција, а не да ги жигосува.
„Што имам јас ако дознаам дека некој ме шпионирал пред 20 години и сега цел свет да знае дека ме шпионирал, кога во прашање е системот во кој се живеело. Доволно е тој човек да не може повторно да дојде на јавна функција и да не биде во можност да го злоупотребува законот.“
На сличен став е и предлагачот на актуелниот Закон за лустрација, Стојан Андов. Тој вели дека при донесувањето на законот го имале предвид и типот на лустрација со објавување на имињата на соработниците, како што е во Бугарија, но таа опција била отфрлена.
„Нам ни беше важно да гледаме само напред, соработниците на тајните служби да не се инфилтрираат на јавни функции и да нема меѓу кандидатите кои би биле избрани. Ние не мислевме да копаме многу наназад, бидејќи сметавме дека нашиот закон треба да биде инструмент на демократизација на општеството, а не за одмазди или казни.“
Уставениот суд вчера укина 12 одредби од законот за лустрација. Судот смета дека лустрацијата може да го опфати периодот до 1991 година и дека не може да се лустрират поранешни функционери, политички партии, верски организации, здруженија на граѓани, невладини организации, новинари, адвокати и медијатори.
Што имам јас ако дознаам дека некој ме шпионирал пред 20 години и сега цел свет да знае дека ме шпионирал, кога во прашање е системот во кој се живеело. Доволно е тој човек да не може повторно да дојде на јавна функција и да не биде во можност да го злоупотребува законот.Бајрам Положани, универзитетски професор и поранешен уставен судија.
Во мај истекува 9-годишниот мандат на тројца уставни судии на чие место Собранието треба да назначи нови. Дел од медиумите објавија дека тоа ќе го смени односот на „силите“ во судот во корист на владејачкото мнозинство, по што одредбите што досега беа укинувани или поништувани од Уставниот суд, сега ќе може да го поминат и овој филтер.
Положани вели дека Уставениот суд дал многу издржани аргументи зошто ги укинува одредбите, па затоа е малку веројатно судот, и во променет состав, да донесе поинаква одлука ако во најавениот нов закон за лустрација повторно се содржат истите одредби.
Нам ни беше важно да гледаме само напред, соработниците на тајните служби да не се инфилтрираат на јавни функции и да нема меѓу кандидатите кои би биле избрани. Ние не мислевме да копаме многу наназад, бидејќи сметавме дека нашиот закон треба да биде инструмент на демократизација на општеството, а не за одмазди или казни.Стојан Андов, поранешен пратеник, предлагач на актуелниот Закон за лустрација.