Странските инвеститори бараат стабилна регулаторна средина и ефикасна администрација, велат бизнисмените.
Променливата регулаторна средина и гломазната бирократија може да ги обесхрабрат странските инвеститори, се согласуваат упатените. Овие фактори во целина дејствуваат негативно за позицијата на Македонија за прилив на директни странски инвестиции, вели бизнисменот Ристо Гуштеров.
„Покрај тоа, секако Македонија ја прават не многу атрактивна како земја за директни странски инвестиции и малиот пазар, потоа логистички недосататоци во однос на земјите коишто ни се конкуренти, а тоа се во нашиот регион и нешто подалеку во Средна Европа, многу лошата инфраструктура, се мисли на патишта, на енергетика и отсуство на користење на природен гас.“
Гуштеров наведува и административни фактори кои влијаат на одлучноста на странците да инвестираат во земјава:
„Отсуство на независно судство, нефункционирање на законодавството, непрофесионална администрација и опасност од дестабилизација на државата од меѓуетнички тензии и судири. Секако, како најглавен проблем што се јавува за Македонија во последните неколку години е и неизвесноста, големата неизвесност околу нашето членство во НАТО и ЕУ.“
Последен пример за административна попреченост е либерализацијата на железничкиот сообраќај. Од една страна, странски инвеститори од Чешка и Словачка пројавија интерес за инвестирање во оваа област, а власта, од друга страна, го одложи либерализирањето до влез на земјава во Европската унија. Во поглед на странските инвестиции има уште области каде е потребно да се работи, смета Мирче Череџи од Сојузот на стопански комори.
„Како што е владеење на правото и подобрување на ефикасноста на јавната администрација и тн.“
Чекреџи смета дека состојбите се подобруваат од година во година, а за тоа сведочат и извештаите на странски организации.
„На пример на Дуинг бизнис, на Светска банка и тн, каде што Македонија секоја година се рангира се повисоко и повисоко како пожелна дестинација за инвестирање.“
Во поглед на променливата регулаторна средина, за која дел од упатените констатираат дека негативно се одразува врз странските инвестиции, македонските медиуми проценуваат дека во изминативе пет години се изгласале над 1.000 законски решенија, а интересен е и примерот дека Законот за даночна постапка од 2006 година за пет години бил изменет 13 пати.
Македонија ја прават не многу атрактивна како земја за директни странски инвестиции и малиот пазар, потоа логистички недосататоци во однос на земјите коишто ни се конкуренти, а тоа се во нашиот регион и нешто подалеку во Средна Европа, многу лошата инфраструктура, се мисли на патишта, на енергетика и отсуство на користење на природен гас.Ристо Гуштеров, бизнисмен.