Универзитетските професори веќе една година се противат на измените на законот за високо образование кои според нив ја повредуваат автономијата на универзитетите. Од Уставниот суд велат дека за помалку од еден месец ќе се произнесат за преставката.
Вака пред една година универзитетските професори протесираа против измените во законот за високото образование кои според нив ја нарушуваат автономијата на Универзитетот. По речиси една година обиди за преговори со тогашниот министер за образование, јавните негодувања околу измените, нивните иницијативи за оспорување на 19 одредби од законот влезе и во процедура во Уставниот суд.
За помалку од еден месец Судот ќе се произнесе за претставката, односно ќе одлучува дали ќе поведе постапка за оценување на уставноста на измените на законот. Од Уставниот Суд велат дека се уште се проучуваат прашањата поврзани со иницијативите.
Еден од предлагачите на иницијативата до Уставниот суд професор Владимир Петрушевски
очекува случајот дека наскоро ќе има за нив, позитивна разрешница.
„Очекувам најблаго речено еден добар дел од членовите коишто се спомнуваат во нашата иницијатива да бидат прифатени како оспорени, очекувам значи Уставниот суд да се произнесе за добар дел од нив дека навистина се во спротивност на Уставот.“
Петрушевски додава дека иако помина речиси една година откако се поднесени иницијативите, разбирливо е тоа што целата постапка се пролонираше.
„Вакви големи иницијативи и обемни бараат време. Уставниот суд и така и така е прилично затрупан, претрупан со предмети. Ова бараше многу сериозен пристап, 19 члена од закон се оспорени така што на оан што нормално би се чекало неколку месеци веројатно треба да се додадат уште неколку месеци за се да се проучи, сочвака и отпочне.“
Во Уставниот суд кон крајот на мај се очекуваат промени на тројца судии, но Петрушевски смета дека тоа нема да влијае врз одлуката на Судот и дека одлуката ќе биде наскоро донесена затоа што, според него, нема причини за дополнително одлагање.
За подносителите на двете иницијативи од Уставниот суд, спорни се одредбите од законот со кои се уредуваат критериумите за стекнување научни звања, надворешната евалуција односно надворешното оценување на студентите да го врши Агенцијата за акредитација и евалуација, одредбата со која министерот е тој што ќе утврдува кој може да да биде визитинг професор, кој може да им биде ментор на студентите за магистерски и докторски студии и финансиката контрола. Според нив со законот се повредени три основни компоненти, академската слобода, автономијата во управувањето со универзитетите и неприкосновеноста на универзитетскиот простор.
На подготвителната седница на Уставниот суд пред една недела присуствуваа иницијаторите, универзитетски професори, претставници од Собранието и министертвото за образование и стручни и научни работници кои ги елаборираа своите ставови по овие прашања.
За професорот од Правниот факултет Љубомир Фрчковски законот е контроверзен и спротивен на меѓународните стандарди.
“На пример на Правниот факултет 18 проценти од Буџетот добиваме пари, 72 проценти од други извори. Сега државата сака тие 72 отсто исто да ги раководи како тие 18 проценти кои таа ги дава. Ние не спориме дека тие 18 проценти што ги дава држатата што се пари од даночните обврзници се во ред да ги контролира и дефинира како да се трошат. Но што бара во делот кој е дефиниран како финансиска автономија од 13 век”
Министерот за образование Панче Кралев не го смени ставот кој го промовираше и неговиот претходник, дека измените во законот имале цел да го подобрат високото образование.
“Со одредбите на Законот за високо образование не се задира во темелните принципи на автономијата туку се поставуваат условите за вршење на високо образовна дејност што е неспорно право на законодавецот”
Со двете иницијативи кои се поднесени до Уставниот суд, првата од група професори а втората од Сенатори на Универзитетот Св.Кирил и Методиј , се оспорени 19 одредби од законот, два правилник и една уредба на Влада.
Очекувам најблаго речено еден добар дел од членовите коишто се спомнуваат во нашата иницијатива да бидат прифатени како оспорени, очекувам значи Уставниот суд да се произнесе за добар дел од нив дека навистина се во спротивност на Уставот.Владимир Петрушевски, рпофесор.
За помалку од еден месец Судот ќе се произнесе за претставката, односно ќе одлучува дали ќе поведе постапка за оценување на уставноста на измените на законот. Од Уставниот Суд велат дека се уште се проучуваат прашањата поврзани со иницијативите.
Еден од предлагачите на иницијативата до Уставниот суд професор Владимир Петрушевски
„Очекувам најблаго речено еден добар дел од членовите коишто се спомнуваат во нашата иницијатива да бидат прифатени како оспорени, очекувам значи Уставниот суд да се произнесе за добар дел од нив дека навистина се во спротивност на Уставот.“
Со одредбите на Законот за високо образование не се задира во темелните принципи на автономијата туку се поставуваат условите за вршење на високо образовна дејност што е неспорно право на законодавецот.Панче Кралев, Министер за образование.